Европскиот совет усвојува мерка за помош на Балканската медицинска оперативна група
Европскиот совет усвојува мерка за помош на Балканската медицинска оперативна група
Во склоп на Европскиот механизам за поткрепа на мирот, Европскиот совет усвои мерка за помош вредна 6 милиони евра во поткрепа на „Балканската медицинска оперативна група“ („Balkan Medical Task Force (BMTF)“). Мерката за помош ќе ја потпомогне изградбата на капацитети на „Балканската медицинска оперативна група“ и тоа преку набавка на неопходната опрема и материјали за медицинските единици на вооружените сили на Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија; кои учествуваат во „Балканската медицинска оперативна група“.
Целта на мерката е да ги зајакне воено-медицинските способности на регионот и напорите за помош на цивилите, придонесувајќи, на тој начин, за регионална соработка и кохезија. За да ја оствари оваа цел, мерката за помош ќе финансира средства за мобилност, компоненти за модуларни болници, лабораториска опрема и набавки, како и комуникациска и ИТ опрема. Помошта беше побарана од Република Северна Македонија, во април, во име на „Балканската медицинска оперативна група“.
Европскиот механизам за поткрепа на мирот беше создаден во 2021 година за поткрепа на партнери ширум светот во областа на воените и одбранбени дејности, имајќи за крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зацврстување на меѓународната безбедност и стабилност. Балканската медицинска оперативна група беше создадена како регионална иницијатива која ги обединува шесте земји-учеснички: Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија, со цел обезбедување брз и ефикасен одговор за државите и регионите засегнати од непогоди и тоа преку употреба на постоечките медицински и воени капацитети на земјите-учеснички.
Прочитај повеќе
Извор: European Council
Извор на фотографии: European Council