ЕУ го поддржува првиот „Талент пикник фестивал“ во БиХ
ЕУ го поддржува првиот „Талент пикник фестивал“ во БиХ
Околу 3000 млади од ширум БиХ уживаа во првото издание на „Талент пикник фестивал“, одржан на 9. и 10. септември во Сараево. За време на дводневниот фестивал, млади музичари, бендови, уметници и дизајнери имаа можност да ја претстават својата музичка и уметничка креативност. По ова прво издание, фестивалот би требало да прерасне во редовен настан.
Во текот на две последователни вечери, публиката уживаше во концерти на познати регионални и босански музичари и музички групи. Во петокот на вечер; Post Rem, Muha, Grše, и TBF направија одлична атмосфера, а саботната вечер беше резервирана за Mustra Orchestra, Frenkie, Kontra, Indigo, Z ++, и Velahavle. Сите активности во рамки на фестивалот беа бесплатни, а многумина ја искористија приликата лично да се запознаат со некои од познатите уметници од регионот.
Делегацијата на ЕУ и Посебното претставништво во БиХ го поддржаа „Талент пикник фестивал“ како дел од програмата „EU4All“; која има за цел да поттикне позитивна европска свест меѓу граѓаните за да станат доследни поддржувачи на интегративниот процес во ЕУ во корист на нивните локални заедници. Програмата промовира заеднички европски вредности и идентитет, еднаквост, социјална инклузија, разноликост, активно граѓанство и недискриминација во БиХ.
Извор: EU Delegation Bosnia and Herzegovina
Извор на фотографии: EU Delegation Bosnia and Herzegovina