ЕУ ја поддржува крајната секција на Трансбалканскиот коридор за електрична енергија во Србија
ЕУ ја поддржува крајната секција на Трансбалканскиот коридор за електрична енергија во Србија
На 23. јануари, министерката за рударство и енергија на Србија, Дубравка Џедовиќ; директорот на канцеларијата на Германската банка за развој во Белград, Рудигер Хартман; министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, и директорката на „Elektromreža Srbije“, Јелена Матејиќ, ја потпишаа инвестицијата, вредна 8,9 милиони евра, за имплементација на 84 километарската секција на Трансбалканскиот коридор за електрична енергија во Србија.
ЕУ придонесе за проектот со грант од Инвестициската рамка Западен Балкан, вреден 11 милиони евра, надополнет со заем од 30 милиони евра од Германската банка за развој.
Секцијата инволвира изградба на интерконективен далновод од 400 kV кој ќе се протега од потстаницата Бајина Башта до границите со БиХ и Црна Гора.
Почетокот на изградбата е предвиден на почетокот од 2025 година, по започнување на изградбата на третата секција која ќе ги поврзе Обреновац и Бајина Башта, а крајот е предвиден во 2027 година. На српска територија се веќе изградени 127 километри од Трансбалканскиот коридор за електрична енергија; од Панчево до границата со Романија и од Крагујевац до Краљево.
Трансбалканскиот коридор за електрична енергија е дел од Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, отпочнат од претседателката Фон дер Лајен, на 6. декември, по повод Самитот ЕУ – Западен Балкан.