Европската Унија објавува нова шема, вредна 21 милион евра, за мобилност за уметници и професионалци од доменот на културата
Европската Унија објавува нова шема, вредна 21 милион евра, за мобилност за уметници и професионалци од доменот на културата
Европската комисија потпиша договор со Институтот Гете за имплементирање нова шема за мобилност, вредна 21 милион евра, за уметници и професионалци од доменот на културата: „Culture Moves Europe“. Новата шема „Culture Moves Europe“ ќе прерасне во трајна акција, во рамки на програмата „Creative Europe“, и следи по успешно спроведениот пилот проект „I-Portunus“ во периодот помеѓу 2018 и 2020 година. Шемата се заснова на препораките кои потекнуваат од пилот фазата.
Оваа шема ќе овозможи грантови за уметници, културни оператори и организации-домаќин од сите сфери на културниот спектар на земјите кои учествуваат во програмата „Creative Europe“. Во центар на вниманието ќе бидат ставени надежните и растечки уметници.
Во текот на следните три години, шемата „Culture Moves Europe“ ќе располага со буџет во вредност од 21 милион евра. Со него, преку 7000 уметници, креатори и професионалци од доменот на културата ќе добијат прилика да заминат на професионално усовршување во странство; како и можности за меѓународни соработки за ко-продуцирање, ко-креирање и презентирање на нивните дела пред нова публика.
Првите повици се очекуваат на есен, 2022 година.
Извор: Creative Europe
Извор на фотографии: Creative Europe