ЕУ – Северна Македонија: Комисијата предлага сума до 100 милиони евра помош за Северна Македонија
ЕУ – Северна Македонија: Комисијата предлага сума до 100 милиони евра помош за Северна Македонија
На 6. февруари, Комисијата предложи да обезбеди сума до 100 милиони евра за макро-финансиска помош за Северна Македонија. Со овој предлог, Комисијата стои рамо до рамо со Македонија во услови на време исполнето со предизвици затоа што, по Руската воена агресија против Украина, надворешниот баланс на државата брзо се влоши поради зависноста од увоз на гориво и електрична енергија. Северна Македонија се соочува и со високи потреби за исплата на надворешни долгови во 2023 година во контекст на предизвикувачки финансиски услови.
Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година; поддржувајќи, истовремено, фискална одржливост и структурни реформи. Денешниот предлог доаѓа во придружба од 24 месечна програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд, во висина до 530 милиони евра.
Помошта ќе дојде во форма на заеми кои ќе бидат исплатени во две транши. Двете исплати ќе бидат условени од имплементација на политички мерки кои треба да бидат договорени помеѓу Северна Македонија и ЕУ во рамки на „Меморандум за разбирање“. „Меморандумот за разбирање“ најверојатно ќе се фокусира на политички реформи во сферата на фискално владеење, даночна политика, управување со јавни инвестиции, јавно-приватни партнерства, деловна средина, транспарентност во државната помош, енергетска ефикасност, судски реформи и борба против корупција. Исплатите ќе бидат условени од позитивната евалуација на имплементирањето на програмата на Меѓународниот монетарен фонд. Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на патот за членство во ЕУ.
Извор: European Union
Извор на фотографии: European Union