Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Европската унија во Босна и Херцеговина започна кампања насловена „Сѐ започнува со избор“ со цел да ги охрабри и мотивира граѓаните на Босна и Херцеговина да го остварат своето демократско право на глас на претстојните избори во октомври.
Почетокот на кампањата беше означен со улични акции под наслов „Да избираш е лесно“ пред ББИ центарот во Сараево, во паркот „Петар Кочиќ“ во Бања Лука и пред Мепас мол-от во Мостар. Случајни минувачи од сите три града беа поканети да учествуваат во наградна игра со тоа што ќе влезат во кабините за гласање и ќе направат едноставен избор, на пример помеѓу модни артикли, туристички дестинации во БиХ или надежни музичари. Нагласувајќи колку е лесно да се гласа во замена за симболична награда, акцијата имаше за цел да ја истакне вредноста на гласањето за нешто многу повредно – влог во иднината на земјата.
Кампањата исто така ќе опфати и изјави за тоа колку е важно да се излезе на гласање. Изјавите се од истакнати личности како кошаркарската ѕвезда Јусуф Нуркиќ. Тие ќе бидат дел од кампањата заедно со други активности насочени кон зголемување на вклученоста на јавноста и подигање на свеста за вредноста на остварувањето на демократското право на глас.
Кампањата ќе трае до изборите кои се закажани во октомври.
Прочитај повеќе
Извор: EU Delegation to Bosnia and Herzegovina
Извор на фотографии: EU Delegation to Bosnia and Herzegovina
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!