ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

19/12/2022

ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа

Амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, и косовскиот премиер, Албин Курти, го одбележаа, денес, во Косово Поле, отпочнувањето на кофинансираните работи, од ЕУ,  за обнова и надоградба на 34 метарска железничка линија помеѓу Косово Поле и Митровица.

 

Целосната вредност на работите кои треба да се извршат во текот на следните 15 месеци изнесува 68 милиони евра; од кои ЕУ обезбедува 27 милиони евра, преку Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, додека, пак, преостанатата сума од 41 милион евра ја обезбедуваат Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. „Сега започнуваме со обнова и надоградување на втората секција од регионалниот Железнички пат 10 во Косово кој е дел од Транс-европската транспортна мрежа и го поврзува Косово со регионот и остатокот од Европа,“ изјави Суњог.

 

Железничкиот пат 10 кој се протега низ Северна Македонија, Косово и Србија е долг 256 километри од кои 148 поминуваат низ Косово. Надоградбата на првата секција од границата со Северна Македонија до Косово Поле, долга 66 километри, започна во август 2019 година и треба да биде завршена до крајот на 2023 година; додека, пак, подготовките за третата секција, од Митровица, па натаму, се во тек.

 

Железничкиот пат 10 беше во општа лоша состојба; со сериозни структурни пречки кои ја ограничуваа брзината на железничкиот сообраќај на 60 километри на час. Неговата обнова е првата значајна инвестиција во железничкиот сектор во Косово и вклучува замена на застарените прекинувачи, шини и прагови и реновирање на тунели и мостови.

Read more

Извор: EU Office in Kosovo

Извор на фотографии: EU Office in Kosovo

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.