ЕУ во Северна Македонија за првпат ја претставува наградата „Европска жена на годината“
ЕУ во Северна Македонија за првпат ја претставува наградата „Европска жена на годината“
Пет извонредни жени кои носат разлики во својот домен; давајќи, истовремено инспирација за целото општество, беа номинирани од #TeamEurope во Северна Македонија за наградата „Европска жена на годината“ за 2022 година.
Петте номинирани кандидатки се: националната координаторка за трансплантација – Маја Мојсовска Мијовска, алпинистката Илина Арсова, филмската режисерка – Дина Дума, директорката на Националната галерија – Дита Старова Ќерими, и основачката на компанијата „MaMa Organa“ – Наталија Бургиева. Истите се предложени од страна на амбасадорите на Хрватска (Нивес Тигањ), Германија (Анке Холстејн), Романија (Моника Аксинте), Шведска (Кристен Форсгрен Бенгтссон) и ЕУ (Дејвид Гир).
„Го одбележуваме Меѓународниот ден на жената со чествување на пет извонредни жени кои покажаа дека само небото е граница во обидот за постигнување на соништата и работа за општото добро. Нивните приказни се инспиративни. Тие ги рушат предрасудите. Покажуваат дека родот не е поврзан со можноста и дека способноста и одлучноста не препознаваат род,“ рече амбасадорот Гир на церемонијата на која присуствуваше и Првата дама – Елизабета Ѓоргиевска.
Наградата „Европска жена на годината“ – комплементарна на наградата „Европеец на годината“ која Делегацијата ја воведе во 2019 – цели кон подигнување на свеста за пречки и родова еднаквост, притоа, оддавајќи признание на жени кои претставуваат пример и помагаат светот да биде еднакво место за сите.
Извор: EU Delegation to North Macedonia
Извор на фотографии: EU Delegation to North Macedonia