ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и Шведска ги поддржуваат малите и средни претпријатија и жените претприемачи во Црна Гора
ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и Шведска ги поддржуваат малите и средни претпријатија и жените претприемачи во Црна Гора
Европската банка за реконструкција и развој ги поддржува жените претприемачи и малите бизниси во Црна Гора со нов финансиски пакет за Црногорската комерцијална банка АД, член на групацијата ОТП и најголемата банка во државата. Околу 3 милиони евра од заемот ќе бидат доделени за поддршка на инвестиции во бизниси управувани од жени. Малите и средни претпријатија ќе извлечат полза од иницијативи за грант, во висина од 15 % од целосната вредност на заемот, финансирани од ЕУ.
Финансиите ќе се обезбедат преку програмата „Жени во бизнис“, на Европската банка за реконструкција и развој, која промовира женско претприемништво и учество на жените во бизнисот. Жените претприемачи ќе имаат прилика да искористат наменски консултативни деловни услуги во рамки на програмата „Банкарски совети за мали бизниси“. Програмата „Жени во бизнис“ е ко-финансирана од владата на Шведска, која уште од 2014 година ја поддржува програмата во Западен Балкан.
Заемот ќе им обезбеди на малите и средни претпријатија во Црна Гора пристап до финансии, овозможувајќи им да ги надминат своите дневни операции и да инвестираат во надоградувања за постигнување на стандардите на ЕУ. Малите и средни претпријатија ќе можат да го употребат финансирањето за унапредување на технологијата, процесите и услугите; особено оние поврзани со квалитетот на производите, здравјето и безбедноста, како и еколошките стандарди на ЕУ.
Извор: EBRD
Извор на фотографии: EBRD