Вечни ривали обединети против насилство News | WeBalkans

Вечни ривали обединети против насилство

14 Дек 2022
14/12/2022

Вечни ривали обединети против насилство

Обединети против насилството врз жени – ова е слоганот на овогодинешната глобална кампања за шеснаесетдневен активизам – „Обој го светот портокалово“. Портокаловата боја ги обедини кошаркарите на Црвена ѕвезда и Партизан, кои месецов, за првпат, се соочија на дерби во најдобриот европски кошаркарски натпревар – Евролигата. Капитените на двата белградски тимови снимија заедничка видео порака: „Насилството врз жени мора да запре. Наша должност е да ги заштитиме сите жени: мајки, сестри, сопруги, пријателки… Веднаш пријавете насилство – не постојат изговори! Да им помогнеме на оние кои претрпуваат насилство. Насилникот е кукавица – да бидеме храбри. Да ги заштитиме жртвите.“ На играчите им се придружи српскиот национален тренер – Светислав Пешиќ, како и тренерот на Партизан – Жељко Обрадовиќ.

 

Секоја трета жена, како во ЕУ, така и во светот, искусила физичко, сексуално, социо-економско и/или вербално насилство најмалку еднаш во животот. Родово заснована дискриминација, сексуално вознемирување и родово засновано насилство се проблеми поврзани со основните човекови права. Годинава, Делегацијата на ЕУ во Србија се придружува на глобалната кампања од шеснаесетдневен активизам против родово засновано насилство преку промовирање еманципирани жени и преку соработка со широката заедница против физичко, вербално и социо-економско насилство.

 

За време на оваа глобална кампања, Делегацијата на ЕУ во Србија склучи партнерства со познати личности од сферата на модата, уметноста, спортот, литературата и кинематографијата во Србија.

Read more

Извор: EU Delegation to Serbia

Извор на фотографии: EU Delegation to Serbia

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.