Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
До крајот на мај во близина на реката во Сараево беше поставена изложба на фотографии како дел од проектот “Енергетска ефикасност во јавните згради на кантонот Сајаево“. На изложбата се претставени резултатите од успешно завршената прва фаза од проектот, во која беа реновирани 15 јавни згради во Сараево. Меѓу зградите имаше и училишта и градинки, како и Здравствениот дом Илиџа. Како резултат на инвестициите во топлинска изолација, поставување на ЛЕД светилки и замена на изворите на енергија, се очекува емисиите на CO2 да се намалат за половина. Со повисок квалитет на греење и ладење, корисниците на овие јавни згради ќе се чувствуваат поудобно, а намалената потрошувачка на енергија значи значителна заштеда за буџетот на кантонот Сараево. Проектот е финансиран преку Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP), водечка инвестиција од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан 2021-2027 година.
Работите на објектите беа финансирани со грант од 2 милиони евра од Европската Унија и 8 милиони евра заем од EBRD. Австриската влада обезбеди средства за техничка помош. Проектот е дел од Акциониот план на EBRD “Зелени градови“ за Сараево. Изложбата беше поставена пред Академијата за ликовни уметности во Сараево, каде граѓаните можеа да ја посетат од 16 до 29 мај.
Изложбата официјално ја отвори премиерот на кантонот Сараево, Нихад Ук, заедно со претставници на Европската Унија, Австриската амбасада во Босна и Херцеговина и EBRD.
Source: WBIF
Photo credits: WBIF
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!