Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
На посета во Северна Македонија, заменик-претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) (European Investment Bank – EIB) ја потврди посветеноста на банката на ЕУ кон зелена транзиција. Заменик-претседателката – Лилјана Павлова ја истакна поддршката за декарбонизација на „EIB“ – органот за позајмување на ЕУ – преку клучни проекти изнесени во „Економскиот и инвестициски план“.
Билатералните состаноци со Премиерот Димитар Ковачевски и министрите, вклучувајќи го Министерот за финансии – Фатмир Бесими, со Градоначалникот на Скопје и Директорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, помогнаа да се идентификуваат нови можности за проширување на соработката под раководство на новата филијала „EIB Global“. Филијалата „EIB Global“ има за цел зголемување на поддршката за државите надвор од Европската Унија.
Заменик-претседателката Павлова ја потенцира поддршката за развој на современа железничка инфраструктура, енергетска мрежа, водоводна инфраструктура и инфраструктура за отпадна вода, како помош на државата за адаптирање на климатските промени и заштита на животната средина. Банката, исто така, има намера да развие и нови инструменти за гаранции и споделување на ризик за приватниот сектор во соработка со Европската Комисија.
Од почетокот на пандемијата КОВИД-19, „EIB“ одвои 156 милиони евра за Северна Македонија; со цел да им овозможи побрзо закрепнување на малите и средни претпријатија, како и да ја олесни изградбата на нова гасоводна мрежа неопходна за стабилно и безбедно енергетско снабдување. Во иднина, Банката ќе им помогне на своите партнери во Северна Македонија да го зголемат својот капацитет за проектна подготовка и имплементација, кој ќе овозможи да се реализираат инвестиции во корист на државата и нејзиниот народ.
Извор: EIB
Извор на фотографии: EIB
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!