Европската инвестициска банка обезбедува 1,5 милион евра за енергетска ефикасност во Приштина
Европската инвестициска банка обезбедува 1,5 милион евра за енергетска ефикасност во Приштина
Европската инвестициска банка (ЕИБ) – органот за позајмување на ЕУ, обезбеди грант во висина од 1,5 милион евра за техничка помош преку новата ЕИБ Глобална експозитура, со цел финансирање на проектна подготовка за проширување на системот за централно греење во Приштина. Проектот ќе резултира со енергетски-ефикасен систем за греење во градот и ќе помогне за намалување на воздушното загадување и подобрување на условите за живот на околу 210000 луѓе.
Техничката помош на ЕИБ ќе го поддржи развојот на планот за декарбонизација на грејниот систем во Приштина, подготовката на неопходните еколошки и општествени проценки за влијание, како и проектната имплементација. Средствата се обезбедени како дел од одговорот на банката и ЕУ за зајакнување на клучната инфраструктура која го подобрува животот на луѓето. Со цел поддршка на издржлив и инклузивен раст во Западен Балкан, банката на ЕУ обезбедува финансиска поддршка за развој на инфраструктурата и приватниот сектор.
Од почетокот на пандемијата, ЕИБ обезбеди 70 милиони евра за Косово во знак на поддршка за побрзо закрепнување на малите бизниси и изградба на прочистителни станици во Гнилане и Митровица.
Извор: EIB
Извор на фотографии: EIB