Започнува изградбата на прочистителна станица за отпадни води во Подгорица
Започнува изградбата на прочистителна станица за отпадни води во Подгорица
На 10. јуни беше потпишан договор за изградба на прочистителна станица за отпадни води во Подгорица. Изградбата на прочистителната станица е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Подгорица. Од финансиски и градежен аспект, договорот официјално го одбележува почетокот на најнапорната фаза од овој сеопфатен инвестициски проект: реалната изградба на прочистителната станица и инсталација на модерна опрема за третман на отпадни води.
Целосниот проект подразбира изградба на нова прочистителна станица за градот, како и станица за согорување на кал и проширување на канализациската мрежа. Оваа инвестиција ќе овозможи собирање и третман на отпадните води, кои ги создава градот, во согласност со стандардите на ЕУ.
Проектот започна во 2009 година со студија за изводливост изработена со поддршка и техничка помош од Инвестициската рамка Западен Балкан („Western Balkans Investment Framework“ (WBIF)). Поддршката од Инвестициската рамка Западен Балкан продолжи преку техничка помош и инвестициски грантови кои овозможија овој проект да финансира и имплементира компоненти; вклучувајќи ја изградбата на примарен колектор, примарна канализациска мрежа и останата хидро-техничка инфраструктура.
За севкупниот инвестициски проект, ЕУ обезбеди 22,9 милиони евра, а билатерални донатори учествуваа со дополнителни 9,9 милиони евра во форма на грантови преку Инвестициската рамка Западен Балкан. Ова беше надополнето со заем, во висина од повеќе од 35 милиони евра, од Банката за развој „KfW“ и кориснички придонес од околу 7,5 милиони евра.
Извор: WBIF
Извор на фотографии: WBIF