Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / Босна и Херцеговина стана членка на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
На 6. септември Босна и Херцеговина стана полноправна членка на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија (EU Civil Protection Mechanism) – европска мрежа за солидарност за помош на земји погодени од катастрофи. Јанез Ленарчиќ, Еврокомесарот за управување со кризи, допатува во Сараево за потпишување на договорот за членство во име на Европската унија.
Босна и Херцеговина веќе го користи Механизмот за цивилна заштита на ЕУ како земја-приемач, но сега како полноправна членка преку механизмот ќе може активно да пружа помош онаму каде што е потребна.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ има за цел да ја зајакне соработката во полето на цивилна заштита меѓу 27-те земји членки и седумте земји учеснички (Исланд, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Србија, Турција, а отсега и Босна и Херцеговина) за превенција, подготвеност и одговорот на природни и други катастрофи. Членството на Босна и Херцеговина во механизмот ќе допринесе во подобра регионална подготвеност на Европа за справување со кризни состојби и во зајакнување на капацитетите за спасување.
Извор: DG NEAR
Извор на фотографии: DG NEAR
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.