Почеток на кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ во Тирана News | WeBalkans

Почеток на кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ во Тирана

29 Мар 2022
29/03/2022

Почеток на кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ во Тирана

Кампањата против говор на омраза – „Не за омразата. Сподели љубов!“, започна, на 25. март, во Тирана. Церемонијата за отворање ги собра, на едно место, лидерите, активистите и високите претставници од властите кои го дигнаа својот глас против говорот на омраза и се обврзаа да промовираат еднакво општество, без омраза и дискриминација.

 

Директорот на политичката секција на Европската делегација во Албанија, Алексис Ипан, ја потенцира важноста од зајакнувањето на процесите за борбата против говор на омраза. „Би сакал да ве поканам заедно да ја водиме оваа борба, да ги осудиме и пријавиме случаите на говор на омраза, и да сметаме еден на друг во обидот да направиме од Албанија подобро место, ослободено од дискриминација и омраза, со еднакви можности за сите.“

 

Даниела Корточи, млада европска амбасадорка од Албанија, го изјави следното: „Како млади европски амбасадори, нашиот главен интерес е наменско влијание ширум Западен Балкан. Да се влијае на младите подразбира меѓусебно слушање, споделување искуства и приказни поврзани со онлајн омразата и како да ја надминеме. Па, затоа, ајде да ја започнеме кампањата: не за омразата, споделете љубов.“

 

Кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ претставува движење за подигнување на свеста започнато, во Западен Балкан, минатата година со цел информирање и ангажирање на локалните заедници во борба против различните форми на говор на омраза насочени кон ранливи групи или индивидуи како оние од ЛГБТИ заедницата, имигранти, луѓе со посебни потреби и етнички малцинства. Кампањата ќе продолжи во следните месеци со серија јавни настани кои ќе се промовираат преку веб сајтови и социјалните медиуми, но, исто така, и преку традиционалните медиуми.

 

Кампањата е имплементирана во рамки на иницијативата „Промоција на диверзитет и еднаквост во Албанија“ (Promotion of diversity and equality in Albania), како дел заедничката соработка помеѓу ЕУ и Советот на Европа; под наслов „Хоризонтален фонд за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ (Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2022), која поддржува реформи во доменот на човекови права, владеење на правото и демократијата во согласност со европските стандарди и во склоп на процесот на проширување на ЕУ.

Прочитај повеќе

Извор: Council of Europe

Извор на фотографии: Council of Europe

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.