Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / Објавени победниците на „Балкатон 3.0“
Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council (RCC)) ги претстави победниците на „Балкатон 3.0“, третиот онлајн натпревар за најдобри дигитални решенија на Западен Балкан. Победниците вклучуваат учесници од сите шест земји од Западен Балкан. На натпреварот годинава беа пријавени околу 60 тимови од цел Западен Балкан. Дванаесет тимови дојдоа до финалето, седум од нив предводени од девојчиња, составени од 37 членови од кои 18 девојчиња.
На церемонијата за доделување на наградите во Приштина, Јоханес Стенбаек-Мадсен, Шефот за соработка на Европската унија во Косово изјави „Балкатон е една од многуте работи што ги поддржува ЕУ со прекрасна визија дека еден ден целиот Западен Балкан ќе биде членка на Европската унија.“
Близу 250 учесници во изминатите две години беа дел од магијата на Балкатон, се натпреваруваа, ги поместуваа границите и креативно размислуваа. Девет продукти од претходните победници на Балкатон се веќе развиени и пласирани, а тој број во скоро време ќе порасне на 15.
Извор: RCC
Извор на фотографии: RCC
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.