Објавен натпреварот за млади европски создавачи на наследство за 2023 година
Објавен натпреварот за млади европски создавачи на наследство за 2023 година
„Млади европски создавачи на наследство“ е натпревар за младите во Европа. Истиот претставува можност за истражување нови околини, учење за локалното материјално и нематеријално културно наследство и споделување приказна за Европа. Целта на натпреварот „Млади европски создавачи на наследство“ е собирање искуства и приказни за начинот на кој децата и младите ја разбираат европската димензија на нивното локално наследство. Тука може да се вброи материјалното наследство, како што се споменици, згради и елементи на природниот пејзаж или нематеријалното наследство како, на пример, танците, песните или локалните културни традиции. Притоа, се охрабруваат креативни интерпретации.
Натпреварот е дел од Европските денови на наследство. Со приближно 70000 настани организирани секоја година во земјите-потписнички на Европската конвенција за култура и, отприлика, 30 милиони посетители, оваа заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија е уникатен пример за иницијатива на народот организирана и споделена од милиони луѓе кои живеат во Европа. Провери го веб сајтот на Европските денови на наследство за да дознаеш повеќе за натпреварот, вклучително и за начинот на пријавување, статусот на учество на твојата држава и улогата на менторите во натпреварот.