15 раселени семејства добија клуч од нови RHP домови во Рогатица, Босна и Херцеговина
15 раселени семејства добија клуч од нови RHP домови во Рогатица, Босна и Херцеговина
Уште 15 ранливи раселени семејства денеска добија клучеви од новите станови во склоп на Регионалната програма за домување (RHP) во Рогатица, Босна и Херцеговина (БиХ), со што RHP е уште еден чекор поблиску до успешното завршување на 30-ти јуни.
Покрај самите корисници, на настанот присуствуваше и Севлид Хуртиќ, министер за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина; Џанлука Ванини, раководител на операции, Сектор за социјален развој, граѓанско општество и прекугранична соработка во Делегацијата на Европската Унија во БиХ; Давор Чордаш, директор на Републичкиот секретаријат за раселени лица и миграција; Милорад Јагодиќ, градоначалник на Рогатица и Сања Хамидовиќ, програмски менаџер во Делегацијата на ЕУ во БиХ, меѓу другите.
Министерот Хуртиќ ја искористи можноста да истакне дека RHP е една од најуспешните програми од ваков вид во БиХ, која придонесе не само за помош на најранливите, туку и за помирување во поширока смисла на зборот. „Покрај обезбедувањето достоинствени домови за ранливите семејства, RHP ја обедини целата земја, вклучително и властите од државно па сè до локално ниво, околу целта за решавање на овој долгогодишен предизвик“, рече тој. Тој, исто така, им се заблагодари на донаторите на RHP – ЕУ, САД, Германија, Норвешка, Швајцарија, Италија, Данска и Турција, меѓу другите – за овозможување Програматада стане реалност.
Во име на Европската Унија, најголемиот донатор на RHP, Џанлука Ванини изјави дека е среќен што има шанса да разговара со некои од семејствата. „Овие домови се опиплив симбол на поддршката на ЕУ за делод најранливите семејства во БиХ – бегалците и раселените лица кои предолго живеат во привремено сместување“, рече тој.
Source: RCC
Photo credits: RCC