ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа
ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа
Амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, и косовскиот премиер, Албин Курти, го одбележаа, денес, во Косово Поле, отпочнувањето на кофинансираните работи, од ЕУ, за обнова и надоградба на 34 метарска железничка линија помеѓу Косово Поле и Митровица.
Целосната вредност на работите кои треба да се извршат во текот на следните 15 месеци изнесува 68 милиони евра; од кои ЕУ обезбедува 27 милиони евра, преку Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, додека, пак, преостанатата сума од 41 милион евра ја обезбедуваат Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. „Сега започнуваме со обнова и надоградување на втората секција од регионалниот Железнички пат 10 во Косово кој е дел од Транс-европската транспортна мрежа и го поврзува Косово со регионот и остатокот од Европа,“ изјави Суњог.
Железничкиот пат 10 кој се протега низ Северна Македонија, Косово и Србија е долг 256 километри од кои 148 поминуваат низ Косово. Надоградбата на првата секција од границата со Северна Македонија до Косово Поле, долга 66 километри, започна во август 2019 година и треба да биде завршена до крајот на 2023 година; додека, пак, подготовките за третата секција, од Митровица, па натаму, се во тек.
Железничкиот пат 10 беше во општа лоша состојба; со сериозни структурни пречки кои ја ограничуваа брзината на железничкиот сообраќај на 60 километри на час. Неговата обнова е првата значајна инвестиција во железничкиот сектор во Косово и вклучува замена на застарените прекинувачи, шини и прагови и реновирање на тунели и мостови.
Извор: EU Office in Kosovo
Извор на фотографии: EU Office in Kosovo