Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Регионалниот совет за соработка го отпочна третиот онлајн натпревар за најдобри дигитални идеи и решенија од Западен Балкан – „Балкатон 3.0“. Пријавувањата се отворени до 24. мај.
Годинава, „Балкатон 3.0“ е во потрага по нови, иновативни и уникатни идеи во пет категории:
-Е-трговија (алатки за виртуелна промоција, видео и „инфлуенс“ (influence) маркетинг);
-Земјоделство, прехранбена технологија и рурален развој;
-Обновливи и одржливи енергии (соларна, ветерна, хидро, плиматска, геотермална и енергија на биомаси);
-Транспорт и логистика;
-Разно (медицинска технологија/биотехнологија/здравствена технологија, блокчејн и кибер безбедност, забава и игри, чисти и зелени технологии).
Избраните тимови ќе добијат можност за дводневна менторска програма со искусни експерти, како и прилика да го имплементираат своето решение во регионот на Западен Балкан и да добијат една од шесте награди, со износ од 10000 евра; издвоени од целосниот фонд за награди во висина од 60000 евра – секоја категорија носи можност за една награда, додека, пак, за категоријата „разно“ ќе бидат доделени две.
Минатата година, Регионалниот совет за соработка награди 6 од вкупно 90 тима, од економиите на Западен Балкан, со 54000 евра, за нивните иновативни решенија во следните категории: „паметни градови“, е-здравство и е-претприемништво. Тимовите ја употребија финансиската поддршка за целосен развој на нивните дигитални решенија.
Извор: RCC
Извор на фотографии: RCC
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!