Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Малите и средни претпријатија во Србија ќе можат да ги искористат придобивките од новите фондови на ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој достапни преку „Intesa Leasing“.
Нова кредитна линија, во вредност од 5 милиони евра, ќе биде достапна за српските фирми преку „Intesa Leasing“ и тоа во форма на лизинг за опрема и возила; овозможувајќи им, на овој начин, да инвестираат во работните стандарди и процеси и да станат поконкурентни на локалните и пазарите на ЕУ. Малите и средни претпријатија ќе можат да добијат и пристап до грантови од ЕУ во вредност од, најмногу, 15 % од севкупниот износ на лизингот.
Целта на финансирањето е охрабрување на малите и средни претпријатија за инвестирање во надградување; и тоа во три клучни области: заштита на животната средина, здравје и безбедност, и квалитет на производите. Особен фокус ќе се посвети на инвестициите во зелени технологии, за да им се помогне на малите и средни претпријатија да се прилагодат на еколошките стандарди на ЕУ и да ја подобрат својата енергетска ефикасност со, најмалку, 60 % од сите лизинг средства наменети за поддршка на мерките за енергетско штедење.
Новиот инструмент е дел од Програмата за поддршка на конкурентност на малите и средни претпријатија во Западен Балкан; во која ЕУ придонесува со стимулативни плаќања и техничка помош додека, пак, Европската банка за реконструкција и развој е задолжена за заемите. Целта е да се обезбеди помош за модернизација на активностите на малите и средни претпријатија и да се искористат трговските можности во регионот на Западен Балкан и поширокиот европски пазар.
Извор: EBRD
Извор на фотографии: EBRD
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!