Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Европската Унија и Советот на Европа, официјално ја започнаа кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ на настан во Сараево; пренесувајќи порака дека секој граѓанин на Босна и Херцеговина може да има важна улога при намалувањето на говорот на омраза преку позитивен јазик и меѓусебна почит.
За време на настанот беше потенцирано дека секој еден може да биде изложен на говор на омраза, но дека најпогодени, без сомнеж, се ранливите категории. Спречувањето на говорот на омраза е нешто што најмногу зависи од секоја индивидуа, но секој може да се едуцира за последиците и да преземе акција.
Заменик раководителот на делегацијата на ЕУ, Јургис Вилцинскас, изјави дека ЕУ нема да остане со скрстени раце, туку ќе ѝ помогне на Босна и Херцеговина во борбата против говорот на омраза. „Насилството кое се случува на социјалните медиуми не останува на социјалните медиуми; тоа е вистинско насилство, но, затоа, пак, социјалните медиуми ни нудат начини за да се соочиме со оваа ситуација и да промовираме толеранција и меѓусебно разбирање онлајн. Верувам дека оваа кампања ќе ни помогне да ги прошириме пораките за мир и диверзитет,“ сподели Вилцинскас.
Кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ има за цел борба против различните форми на говор на омраза насочени кон специфични заедници или индивидуи во Босна и Херцеговина, но, исто така, цели и кон информирање на јавноста, особено младите генерации, преку споделување на содржини против говорот на омраза на социјалните медиуми, а и преку организирање на јавни настани. Овие активности вклучуваат проминентни лица од јавниот живот, институции и активисти кои ќе промовираат диверзитет и еднаквост во Босна и Херцеговина и регионот, преку раскажување на лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.
Кампањата е имплементирана во рамки на иницијативата „Промоција на диверзитет и еднаквост во Босна и Херцеговина“, дел од заедничката соработка на ЕУ и Советот на Европа во склоп на програмата „Хоризонтален фонд за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“.
Извор: Council of Europe
Извор на фотографии: Council of Europe
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!