Ширење на вкусот на Црногорската пршута преку границите | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Ширење на вкусот на Црногорската пршута преку границите

Црногорска компанија го зголемува својот извоз, приход и персонал со поддршка на ЕУ.

SCROLL DOWN

Сувата шунка е специјалитетот на Његуши, село во близина на градот Цетиње во Црна Гора. Позната е по својот специфичен вкус и арома кои се резултат на мешавината од морски и планински воздух и чадено буково дрво кое се користи при процесот на сушење. Се работи за познат вкус за Црногорците и посетителите на државата, а, сега, црногорска компанија работи и на негово претставување ширум регионот на Западен Балкан, но и пошироко.

„Медитеранеа“ е средно-голем црногорски бизнис во сопственост на сопружниците Марија и Иван Шпадијер. Компанијата ја започнале со мал размер; и тоа како дистрибутери на месни производи во 2006 година, но, постепено, го зголемувале својот профит, а пршутата „Његушки“ станала еден од нивните главни производи. Иван објаснува дека пршутата бара сложена техника на производство: процесот на сушење вклучува посолување со морска сол во текот на три недели; со пресување за да се извади вишокот течност во текот на дополнителни три недели, а, потоа, следува и чадење и сушење на свеж планински ветер во текот на три месеци за, најнакрај, да се стигне до моментот на зреење. Целиот процес трае околу една година.

„Нашите подизведувачи не можеа соодветно да ги исполнат овие барања, па, затоа, одлучивме сами да го преземеме пакувањето.“

 

Иван Шпадијер, сопственик, „Медитеранеа“

Зголемување на квалитетот и приходот

Скоро десет години, „Медитеранеа“ ја купувала пршутата од произведувачи во околината Његуши и истата била пакувана од страна на подизведувачи. Бизнисот добро се развивал, а пазарот се ширел, но со тоа надошле и свои предизвици. Квалитетот на суровиот производ бил непроменет, но компанијата започнала да има проблеми со пакувањето. Иван објаснува како започнале да добиваат барања од клиентите за подобрување на квалитетот на пакувањето. „Нашите подизведувачи не можеа соодветно да ги исполнат овие барања, па, затоа, одлучивме сами да го преземеме пакувањето,“ вели тој.

За да го направат тоа, имале потреба од дополнителна опрема и простории, затоа што ова било нов домен за компанијата. Најпрво, инвестирале со сопствени капацитети, но тоа не било доволно за да се задоволи побарувачката. Оттука, одлучиле да поднесат барање за поддршка од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД, од страна на ЕУ. Како резултат, добиле опрема, во вредност од скоро 35000 евра, која вклучува машина за пакување и два електрични крана со ланци со капацитет на подигнување до 11 метри.

„Доколку не беше поддршката на ЕУ, преку инструментот ИПАРД, сè уште ќе се мачевме. Поддршката нè направи посамостојни и ни помогна да ја преземеме контролата врз нашата судбина и успехот на нашата компанија.“

Иван Шпадијер, сопственик, „Медитеранеа“

Денес, „Медитеранеа“ произведува и дистрибуира преку 50 тони готови производи годишно. Имаат бројни клиенти меѓу кои се вбројуваат хотели, ресторани и ланци на супермаркети. Околу 90% од нивниот приход доаѓа од извоз. Иако производството е сè уште покриено од подизведувачи во околината Његуши, пакувањето и дистрибуцијата се целосно покриени од страна на компанијата. Двојно ја зголемиле големината на нивниот тим, преминувајќи од четворица на осуммина, и сè уште планираат да растат.

Иван објаснува дека поддршката на ЕУ била неопходна за нивната успешна приказна. „Доколку не беше поддршката на ЕУ, преку инструментот ИПАРД, сè уште ќе се мачевме. Поддршката нè направи посамостојни и ни помогна да ја преземеме контролата врз нашата судбина и успехот на нашата компанија,“ вели тој.

За програмата

Како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран за поддршка на реформи во земјите во процес на пристапување кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на земјоделско-прехранбениот сектор на овие држави и нивните рурални средини. Преку оваа алатка, ЕУ им нуди финансиска и техничка помош на корисниците со цел нивниот земјоделски сектор и рурални средини да бидат поодржливи и во хармонија со заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 

Photo credits: EU Delegation to Montenegro, Mediteranea

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.