Училишното ѕвонче ѕвони по втор пат | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Училишното ѕвонче ѕвони по втор пат

10 Ное 2023

Во текот на изминатите неколку недели, Ајнур Ибраимовски, 37-годишен повратник во Прилеп, општина во Северна Македонија, активно посетува настава во локалното државно основно училиште. Заедно со уште 21 друг соученик, сите повратници во Прилеп, Ајнур е запишан на 6-месечна програма која ќе му овозможи да го заврши основното образование. Потсетувајќи се на своето минато, тој објаснува: „Посетував училиште до 4-то одделение… но поради финансиските ограничувања дома, морав да го напуштам училиштето за да најдам работа.”

Потрагата на Ајнур да избега од сиромаштијата, исто така, го навела да се обиде да се пресели во Германија, каде што се надевал на подобри можности за работа и квалитетен живот. По две години во странство, се вратил во Прилеп. Сепак, наоѓањето стабилна работа дома се покажа како предизвик. Во Северна Македонија, услов за формално вработување е завршено основно образование. Во Прилеп, каде што компаниите активно бараат работници поради специфичната динамика на пазарот на труд, немањетозавршено основно образование за Ајнур претставува значајна бариера за формално вработување. Според една неодамнешна анкета, речиси 30% од работодавачите во регионот пријавиле тешкотии во наоѓањето квалификувани работници. Ајнур елаборира: „Компаниите бараат лица кои го завршиле своето школување.”

” Компаниите бараат лица кои го завршиле своето школување“.

Ајнур Ибраимовски, (повратник, Прилеп, Северна Македонија)

По враќањето, Ајнур обезбеди краткорочна позиција во компанија во Прилеп, каде што сега има можност да премине на постабилна позиција како оператор на виљушкар. Меѓутоа, за да ја добие оваа работна позиција, тој мора да се погрижи неговите образовни квалификации да се усогласат со прописите за работа во Северна Македонија. Следствено, Ајнур донесе одлука да се врати на училиште. Моментално учествува во програма за образование на возрасни во општина Прилеп, заедно со други повратници кои споделуваат слични искуства запредвремено напуштање на училиштето. Овој заеднички именител ги обединува на нивните разновидни животни патеки. Програмата за образование на возрасни е намерно дизајнирана да им помогне на возрасните повратници да го завршат основното образование по нивното враќање. Со поддршка на Регионалниот проект за реинтеграција на повратници (RRR), финансиран од ЕУ и имплементиран од UNDP, 56 возрасни повратници во Северна Македонија се вратија на училиште и сега работат напорно за да го завршат основното образование и да ги подобрат своите можности за вработување.

Од друга страна, децата повратници се соочуваат со посебни предизвици поврзани со образованието по нивното враќање. Овие предизвици вклучуваат административни процеси поврзани со признавањето на нивното претходно образование, како и тешкотии при адаптација во новата училишна средина. Доколку не се решат, овие предизвици може да резултираат со тоа децата или да повторат година или целосно да го напуштат училиштето. Таквата одлука ќе има големо влијание врз нивниот иден живот. За да се ублажат овие предизвици, локалните невладини организации (NGOs), со поддршка на проектот RRR, им помагаат на повратниците да пристапат до различни владини услуги по нивното враќање, вклучително и запишување на нивните деца во локалните училишта. До денес, проектот RRR им помогнал на преку 380 повратници во Северна Македонија во пристапот до низа владини услуги.

“Прво и основно, тежнеам да станам писмен човек. Добивањето диплома за завршено основно образование ќе ми отвори бројни можности. Исто така, ќе ми овозможи да го проширам моето знаење и да им помогнам на моите деца во нивните студии. Нема да ги пропуштам можностите за работа како што правев порано поради мојот недостаток на образование“.

Метула Исамилоска (повратник, Прилеп, Северна Македонија)

Метула Исмаилоска, 29-годишна повратничка од Германија, инспирацијата да се врати на образованието ја нашла кај своите деца кои се на училишна возраст. Таа предвремено го напуштила училиштето, се омажила на многу млада возраст, а потоа, со својот сопруг, заминала од Северна Македонија во потрага по подобар живот во странство, во Европската Унија. По нивниот престој во ЕУ, Метула, заедно со нејзиното семејство од шест деца, се врати во Прилеп. Признавајќи ја виталната улога на образованието, Метула е решена да обезбеди нејзините деца да го завршат своето школување. Таа објаснува  зошто и како одлучила да се врати на училиште и да учествува во програмата поддржана од EU и UNDP: „Немав претходно искуство со учење… Така, преку моите деца, открив дека постои образовна можност и за мене“. Дискутирајќи за значењето на ова образование за неа, Метула нагласува: „Прво и основно, тежнеам да станам писмен човек. Добивањето диплома за завршено основно образование ќе ми отвори бројни можности. Исто така, ќе ми овозможи да го проширам моето знаење и да им помогнам на моите деца во нивните студии. Нема да ги пропуштам можностите за работа како што правев порано поради мојот недостаток на образование.”

Отсуството на формално образование се издвојува како главна причина за бројните предизвици со кои се соочуваат многу повратници во Северна Македонија, група претежно составена од Роми. Според истражување од 2022 година спроведено од проектот RRR, 57% од Ромите во Прилеп немаат формално образование. Повторувајќи ги искуствата на Ајнур и Метула, животните приказни на многу повратници се одраз на тоа како овој недостаток на образование ги продлабочува нивните социјални и економски неповолности. Во Северна Македонија, завршувањето на основно образование не е само предуслов за формално вработување, туку и за учество во активните владини иницијативи на пазарот на трудот. Следствено, и покрај еволуирачката динамика на пазарот на труд и зголемените можности за работа, повратниците без основно образование остануваат исклучени од овие можности за вработување. Проценката на RRR од 2022 година покажа дека 84% од анкетираните не биле свесни за владините мерки за вработување обезбедени од Агенцијата за вработување, и покрај тоа што 70% од нив биле регистрирани како активни баратели на работа.

Оттука, дури и во присуство на отворање на работни места пазарот на трудот и владини програми, повратниците кои немаат основно образование не можат да ги искористат овие можности. Предвременотонапуштање на училиштето ги принудува поединците на неформално, небезбедно вработување. Образованието зазема клучна улога во животот на повратниците, опфаќајќи ги и возрасните и оние на училишна возраст. Токму затоа искористувањето на трансформативниот потенцијал на образованието за олеснување на успешното враќање дома остана централна тема на проектот Регионална реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ и имплементиран од UNDP.

За проектот

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан е фокусиран на решавање на клучните бариери за социо-економска реинтеграција на ранливите повратници во Западен Балкан. Проектот е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (IPA) II за повеќе земји, ЕУ поддршка за фундаменталните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, доверени на UNDP, Светска банка и Советот на Европа. Во сите економии од Западен Балкан, проектот ги проценува политичките и институционалните празнини и го олеснува дијалогот за механизмите за спроведување и следење на политиките и програмите за реинтеграција. Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот имплементира програми на локално ниво и тестира иновативни решенија за одржлива социо-економска реинтеграција на повратниците.

Дознај повеќе

Reintegration of returnees in the Western Balkans project

Photo credits: RRR project

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.