Права на земјиште, реинтеграција и патувањето на повратниците на Албанија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Права на земјиште, реинтеграција и патувањето на повратниците на Албанија

Истражување на патувањето на албанските повратници и трансформацијата на обработливо земјиште во нови можности со поддршка на EU и UNDP.

SCROLL DOWN

Во комунистичка Албанија, семејствата и поединците кои не ги почитуваа правилата на партијата често беа испраќани во колективни логори, каде што беа ангажирани во задачи како што се рударството и земјоделството. Семан, земјоделско село, беше една од овие колективни фарми основани за време на комунистичкиот режим. Покрај семејствата со сомнителна репутација, режимот во ова село населил и ранливи групи како Роми и Египќани. Земјиштето што го обработуваа овие земјоделци официјално и припаѓаше на државата, голем дел од кое беше конфискуван од првичните сопственици кога режимот ја презеде власта по Втората светска војна. Меѓутоа, работите станаа посложени по падот на комунизмот во 1990 година, кога беше воведена демократијата. Демократската албанска влада иницираше реформи за земјиштето и одлучи да ја распредели земјата меѓу селаните и земјоделците кои работеа на неа за време на комунистичката ера.

Овој потфат се покажа како поголем предизвик од очекуваното, бидејќи некои земјишта имаа претходни сопственици кои си ги бараа своите права кон истите. Од друга страна, семејствата кои работеа на земјиштатанемаа права на истите или каква било документација за доказ на сопственоста. Сепак, селаните морале да водат правните процеси и некои од нив успеале да добијат права на земјиштето. Меѓитоа, тоа не беше случај и со ранливите групи, како Ромите и Египќаните. Примарните причини беа нивното ограничено внимание за административните процедури и недостатокот на финансиски средства за покривање на таксите и правното застапување потребни за процесот. Многумина од нив на крај мигрирале во земјите на ЕУ и на други места, но со текот на времето, некои решиле да се вратат.

Заминавме во Германија во потрага по азил и подобар живот бидејќи тука се соочувавме со големипредизвици.

Лаурета Џелали, обработувач на жито, Семан

По нивното враќање, бројни повратници се соочија со предизвици во продолжувањето на претходниот живот. Иако пречките со кои се соочуваат повратниците се различни, има и заеднички искуства меѓу многумина, вклучително и тешкотии во обезбедување стабилен приход и наоѓање формално вработување. Повратниците Роми и Египќани од селото Семан имаат долга историја на обработување на земја, пренесувајќи скриеноземјоделско знаење низ генерации. Меѓутоа, кога селаните почнаа да заминуваат во потрага по подобри можности во странство, земјата во селата остана необработена и запуштена. Парцелите се изнајмуваа за скромни суми, додека селаните си ја бараа среќата на друго место, а земјоделскиот начин на живот претрпе назадување, што доведе до значителни падови во локалниот развој за заедниците низ Албанија.

„Заминавме во Германија во потрага по азил и подобар живот бидејќи тука се соочувавме со големипредизвици“, објаснува Лаурета Џелали, обработувач на жито од селото, додека зборува за причините за миграција. Иако семејството на Лаурета живеело во селото со генерации и поседувало нивна земја, што ја обработувале од година во година, тие не поседувале законско право врз нивниот имот. Административните трошоци поврзани со добивањето право на земјиште едноставно беа повисоки од нивните можности. Меѓутоа, по нивното враќање, повратниците добија поддршка од Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ, спроведен од UNDP, кој им помогна да се справат со различните предизвици со кои се соочија по нивното враќање.

На пример, и покрај нивните практични земјоделски вештини и познавање на земјиштето, повратниците не можеа целосно да имаат корист од обработливото земјиште поради отсуството на право на земјиште. „Поминаа 30 години, а ние сè уште не сме добиле имотни листови за земјиштето“, забележува Лаурета Џелали. Во соработка со локалните невладини организации, UNDP го олесни процесот за 16 семејства повратници да ги добијат право на сопственост врз своите имоти. Лаурета Џелали ја изразува својата благодарност: „Благодарение на поддршката од проектот и решителноста на нашето семејство, сега ги жнееме плодовите од нашите напори со нашата прва жетва на жито“. И покрај тоа што примарниот фокус на помошта на проектот беше на добивање на право на сопственост на земјиштето и охрабрување на повратниците да продолжат со земјоделското производство, истиот, им овозможи на повратниците и да обработуваат жито на поголеми парцели обработливо земјиште. Следствено, 27 семејства добија поддршка да започнат со производство на жито. Колаборативните напори на селаните повратници, локалните невладини организации и UNDP ги овластија повратниците да ја користат својата земја попродуктивно. „Претходно можев да си дозволам да засадам само два декари земја. Благодарение на поддршката, сега имам хектар жито“, вели Анила Казанџиу, повратник и обработувач на жито.

“Ова е проект за голема пофалба во однос на одржливоста и влијанието, бидејќи обезбедува какоспособности, така и опипливи резултати за многу краток период. Резултатите се видливи, опипливи и оставаат трајно влијание.”

Мирјета Рамизи, UNDP Албанија,

Благодарение на помошта со проектот, оние кои претходно не можеа да ја обработуваат својата земја сега можат да го сторат тоа, а земјоделците кои се враќаат имаат можност да ја прошират својата обработлива површина за поодржливи приходи. Како дел од поддршката на проектот, овие повратници-земјоделци добија и серија обуки за добри земјоделски практики. Оваа обука ги опремува со знаења и вештини потребни за справување со земјоделските предизвици, од садење семиња до продавање на нивните производи на пазари. За Мирјета Рамизи од UNDP Албанија овој проект се издвојува како еден од најуспешните во нејзината кариера. Таа забележува: „Ова е проект за голема пофалба во однос на одржливоста и влијанието, бидејќи обезбедува како способности, така и опипливи резултати за многу краток период. Резултатите се видливи, опипливи и оставаат трајно влијание“.

За проектот

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан е фокусиран на решавање на клучните бариери за социо-економска реинтеграција на ранливите повратници во Западен Балкан. Проектот е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (IPA) II мерка за повеќе земји, поддршка на ЕУ за фундаменталните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, доверени на UNDP, Светска банка и Советот на Европа. Во сите економии од Западен Балкан, проектот ги проценува политичките и институционалните празнини и го олеснува дијалогот за механизмите за имплементација и следење на политиките и програмите за реинтеграција. Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот спроведува програми на локално ниво и тестира иновативни решенија за одржлива социо-економска реинтеграција на повратниците

Photo credits: Reintegration of returnees in the Western Balkans project

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.