Албанка која договорите ги прави достапни на клик | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Албанка која договорите ги прави достапни на клик

Со финансирање од ЕУ, стартап нуди дигитални правни услуги.

SCROLL DOWN

Како пандемијата го промени твојот свет? Бројни експерти тврдат дека луѓето можат да изнајдат нови решенија за проблеми кога се надвор од својата рутина и имаат време да разработат и развијат одредена идеја. Ваква иновација се случи и со стартапот основан од Кристиана Филип; млада жена од Албанија. Нејзината идеја за основање онлајн правна услуга се роди за време на карантинот и оттогаш континуирано се развива.

Сфатив дека голем број правни услуги можат да бидат автоматизирани, но ваков вид услуга не постоеше во Албанија. За време на карантинот, имав време да размислам и ми дојдоа идеи за тоа како да го решам овој проблем.“

Кристиана Филип, „Legit“

Ефикасна поддршка за претприемачи која доаѓа преку автоматизација

Како млада адвокатка која студирала корпоративно право во Албанија и странство, Кристиана била фрустрирана од времето кое го трошела на едноставни правни услуги кои ѝ го одземале вниманието од поважните прашања.

„Сфатив дека голем број правни услуги можат да бидат автоматизирани, но ваков вид услуга не постоеше во Албанија. За време на карантинот, имав време да размислам и ми дојдоа идеи за тоа како да го решам овој проблем,“ вели таа.

„Legit“, стартапот кој го основала Кристиана, е дигитална платформа која има за цел обезбедување висококвалитетни, брзи и лесно достапни правни услуги за албанските претприемачи. Платформата овозможува креирање на правни документи; како, на пример, договор за работа, овластување или имотен закуп. Корисниците треба да одговорат на краток прашалник и нивниот персонализиран правен документ е готов за неколку минути. Дополнителна клучна одлика на платформата е тоа што овозможува ангажирање правни професионалци.

„Дигиталните услуги на „Legit“ се единствени во Албанија и, верувам, во целиот регион на Западен Балкан,“ со гордост вели Кристиана за нејзиниот приод заснован на западните пазарни модели. Уште од почетокот, се насочила и кон косовскиот пазар, каде што законите се слични, а албанскиот јазик се зборува како официјален јазик.

Платформата на Кристиана поседува секција посветена на информирање на младите претприемачи и основачи за можности за инкубација, забрзување и финансирање; како и правна помош која e обезбедена преку статиите на нејзиниот блог.

„Поддршката на ЕУ е добредојдена, бидејќи пополнува празнина која институциите допрва треба да ја пополнат со специјални фондови за стартапови.“

Кристиана Филип, „Legit“

Одете до крај за тоа во што верувате

Родена како идеја за време на карантинот, платформата „Legit“ денес е потполно оперативна. Процесот на основање на бизнисот не бил едноставен, а предизвиците со кои се соочила, Кристиана ги објави во е-книга; надополнета со сите неопходни правни елементи. Грант, обезбеден во 2021 година преку иницијативата за иновација на ЕУ, овозможи развој на капацитетот и техничка експертиза за дополнително развивање и промоција на платформата во март 2022.

„Поддршката на ЕУ е добредојдена, бидејќи пополнува празнина која институциите допрва треба да ја пополнат со специјални фондови за стартапови,“ објаснува Кристиана.

Гледа потреба за континуирана работа за ефикасно подобрување на неисполнетите правни потреби, па нејзиното учење и идеи за усовршување на платформата не запираат тука. Стартапот цели кон раст рамо до рамо со експертите кои дополнително ќе ги развијат неговите услуги. Кристиана вели дека е склона да покани и други жени да ѝ се придружат во стартап авантурата; иако признава дека пораснала како адвокат и претприемач преку учење од мажи.

Советот на Кристиана за младите жени кои сакаат да се ангажираат во бизнис и дополнително да ги развијат своите кариери е следниот: „Одете до крај за тоа во што верувате! #Без каење.“

 

За проектот

„ЕУ за иновација“ („EU for Innovation“) има за цел подобрување на иновативниот екосистем и зголемување на креирањето стартапови во Албанија преку развој на капацитетите за иновација меѓу чинителите на иновацискиот екосистем; градејќи врски со албанскиот иновациски екосистем и финансирање иновативни стартапови и даватели на иновативна поддршка.

Стартапови како „Legit“ го искористија фондот „Challenge Fund“; конкурентен финансиски инструмент кој се користи како средство за решавање на прашањето за пристап до финансии за иновативните стартапови и промоција на албанскиот иновациски систем.

Photo credits: Legit, EU for Innovation

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.