Просветлување на влијанието на енергетската и екстрактивната индустрија врз животната средина во Албанија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Просветлување на влијанието на енергетската и екстрактивната индустрија врз животната средина во Албанија

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува подобрување на одговорноста за животната средина во енергетскиот и екстрактивен сектор во Албанија.

SCROLL DOWN

Албанија е држава богата со природни ресурси, вклучително минерали, нафта и водни ресурси кои се експлоатираат преку екстракција и хидроенергетски индустрии. Но, овие индустрии имаат големо влијание врз животната средина и се предмет на бројни дебати и контроверзии, особено последните неколку децении. Во екстрактивните индустрии има недостаток од мониторинг врз животната средина, како и рехабилитација. Исто така, има и недостаток од статистички податоци и и/или доверливи податоци. Ова е резултат од слабите капацитети за мониторинг на животната средина и инфраструктура на локално и централно ниво. Оттука, се јавува и слабо спроведување на законот за санирање на загадувањето на животната средина.

 

 

Принципот „Загадувачот плаќа“ не функционира, на тој начин што руралните подрачја се уште поранливи и склони кон загадување со негативно влијание врз животната средина; вклучително и уништување на шумите, ерозија на почвата, загадување на водата, и ослободување токсични супстанции во воздухот, почвата и водата. Товарот го носи локалното населени. Во текот на изминатите години, поради зголемената стапка на канцер и други болести во локалните заедници, имаше загриженост за влијанието на ископувањето хром врз животната средина и здравјето.

Од друга страна, пак, хидроенергетската индустрија во Албанија има сериозно влијание врз животната средина, особено врз реките и водните екосистеми. Албанија изобилува со хидроенергетски ресурси, а владата спроведе амбициозна програма за развој на хидроенергетскиот сектор во последните неколку години, вклучувајќи изградба на големи брани и пренасочување на реките за производство на енергија. Но, овие проекти честопати се предмет на критика поради нивното влијание врз локалните заедници и животната средина; вклучувајќи загуба на значајни животни средни, вознемирување на миграцијата на рибите и преместување на луѓе и заедници. Поради овие причини, невладината организација „Еко-партнери за одржлив развој“ (Eco Partners for Sustainable Development (ECOP)) презеде иницијатива за адресирање на овие проблеми.

„Прекумерната употреба на природни ресурси како нафта, минерали и вода, без контрола во Албанија, го привлече вниманието на „Еко Партнери“. Повеќе од деценија работиме на управување со животната средина, особено на аспекти за спроведување, и забележавме дека албанското законодавство, кое е во тек на усогласување со правото на ЕУ, доцни во поглед на имплементација на законодавството во административни, институционални и финансиски капацитети за адресирање на заштитата на животната средина, особено во руралните подрачја. Затоа, одлучивме да придонесеме во таа насока.“

Ентела Пингули, „Еко Партнери“ Албанија

Во 2018 година беше отпочнат проектот „Рурално набљудување – подобрување на улогата на граѓанските организации во поддржувањето на транспарентноста и одговорноста на државните авторитети и бизниси во руралните подрачја“, финансиран од ЕУ, а спроведен од „Еко Партнери“, со цел да се адресираат проблемите со животната средина во Албанија предизвикани од енергетските и екстрактивните индустрии. Ентела Пингули, извршна директорка на „Еко Партнери“, објаснува дека постоело итна потреба од ваков проект, велејќи: „Прекумерната употреба на природни ресурси како нафта, минерали и вода, без контрола во Албанија, го привлече вниманието на „Еко Партнери“. Повеќе од деценија работиме на управување со животната средина, особено на аспекти за спроведување, и забележавме дека албанското законодавство, кое е во тек на усогласување со правото на ЕУ, доцни во поглед на имплементација на законодавството во административни, институционални и финансиски капацитети за адресирање на заштитата на животната средина, особено во руралните подрачја. Затоа, одлучивме да придонесеме во таа насока.“

Проектот избрал пет енергетски и екстрактивни индустриски локации како пилот-региони каде што имало оперативни бизниси кои не се во согласност со националните правни барања. Вклучени биле две локации за екстракција во Патос Мартинез и Булќиза, како и три енергетски локации – хидроцентралата на реката Шушица (во сливот на реката Вјоса), хидроцентралата во Шебеник и националниот парк Јабланица, и хидроцентралата на реката Мат. Програмата за градење капацитети овозможила обука за граѓанските организации, медиумски куќи и адвокати во овие пет локации. Проектот исто така спровел и активности за застапување преку групи за мониторинг составени од новинари, адвокати, технички експерти и претставници од граѓанските здруженија или локалните заедници. Покрај овие придобивки од активностите за застапување, целта била да се воведат добри практики за локалните заедници да можат да продолжат да ги имплементираат на долг рок.

Проектот се залагаше, во име на животната средина, кон локалните и централните авторитети, како и за подигнување на свеста на граѓанските општества и заедници за последиците од загадувањето на животната средина, нивните права и обврски, особено развивајќи ја темата преку обезбедување правна помош која дополнително ги зајакнува локалните заедници да преземат акција во овој поглед. Проектот овозможи помош и за формулирање барања за пристап до информации за животната средина, а за предизвикувачките одбивања побара да се достават информации пред Комесарот за права за информации или на суд. Правната помош беше обезбедена за правно советување на граѓанските здруженија и локалните заедници во процедурите за животна средина како што е Проценката за влијание врз животната средина и судски дебати поврзани со проблематики за усогласување со правото за животна средина.

„Централизираното носење одлуки, особено за менаџментот на стратешки ресурси како нафта, вода, шуми, крајбрежја итн., не помага за одржливо користење на природните ресурси и имплементација на политики на локално ниво.“

Ентела Пингули, „Еко Партнери“ Албанија

Проектот ги вклучува и најдобрите практики за рурален развој од Бугарија, особено поврзани со транспарентност и одговорност на енергетските и екстрактивни индустрии во насока на подигнување на јавната свест, пристап до информации и правда, и јавен ангажман преку иновативни медиумски канали.

Ова беше постигнато преку соработка со бугарската организација „Blue Link“ која овозможи поддршка за имплементација на кампањата за информирање. Како дел од оваа кампања, беше отпочнат порталот „Rural Watch“ кој обезбедува информации за различни случаи на рурална одржливост во рамки на проектот, како и корисни информации за целните рурални локации. Ентела го потенцира придонесот на проектот за подигнување на прашањето за влијание врз животната средина на повисоко ниво, велејќи: „Централизираното носење одлуки, особено за менаџментот на стратешки ресурси како нафта, вода, шуми, крајбрежја итн., не помага за одржливо користење на природните ресурси и имплементација на политики на локално ниво.“

За проектот

Проектот „Рурално набљудување Албанија“ се справува со едни од најитните прашања за рурален развој во Албанија, особено оние кои го засегнуваат квалитетот на живот и стандардите за чиста и безбедна животна средина. Со растечки притисок и економски развој во целните подрачја на проектот преку енергетските и екстрактивни индустрии – особено во Булќиза со индустријата за хром, понатаму со хидроцентралата Булќиза на реката Мат; хидроцентралата Прењас/Либражд на реката Шкумбини во Шебеник т.е. националниот парк Јабланица; Фиер/Патос со екстракција на нафта во Патос Маринез; и Селенице со хидроцентралата на притоката Шушица на реката Вјоса – постои огромна потреба за граѓански здруженија кои ќе ги повикаат на одговорност компетентните државни авторитети и бизнисите за безбедносни стандарди и регулации за животната средина и здравје.

Photo credits: Eco Partners Albania

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.