Нови работни можности за лицата со попреченост во Босна и Херцеговина | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Нови работни можности за лицата со попреченост во Босна и Херцеговина

17 Окт 2020

Иако сосема често слушаме за луѓе кои ги напуштаат селата и провинцијата за да најдат работа во градовите низ Босна и Херцеговина, ретко слушаме за спротивното. Една од оние кои го направиле тоа е 38-годишната Рубина Џановиќ. Рубина е дипломирана графичка дизајнерка, но не успеала да најде работа. Родум од Сараево, Рубина отсекогаш живеела во престолнината сè додека дијагнозата за мултипла склероза не ѝ го променила животниот тек.

“Бев во добра психолошка состојба. Но, физичката состојба ми беше ужасна – хронична болест е во прашање. Бев во болки и ноќе не можев да спијам.“ – вели таа. За олеснување на болките, докторите советуваа да поминам некое време на чист воздух, во природа. Оттогаш, Рубина започнала често да го посетува селото на мајка ѝ; кое има, исто така, и термални извори. “Секојпат кога одев на село, се чувствував подобро. Па, така, почнавме да поминуваме сè повеќе време на село, а во еден момент, со сопругот одлучивме и дефинитивно да се преселиме таму.“ – раскажува Рубина.

“Секојпат кога одев на село, се чувствував подобро. Па, така, почнавме да поминуваме сè повеќе време на село, а во еден момент, со сопругот одлучивме и дефинитивно да се преселиме таму.“

 

Rubina Džanović

Мала помош која прави голема разлика

Преселбата од град на село донела свои предизвици. Со мала заштеда, семејството купило крава и започнале со егзистенцијално земјоделство. Но, за волја на вистината, имале потреба од приходи. Очигледна одлука била развој на земјоделскиот бизнис, па, охрабрени од еден од соседите, купиле уште неколку крави и започнале со производство на домашно сирење. Одлуката се покажала како добра, а и продажбата тргнала, но, со зголемениот обем на работа, се појавила и потреба за дополнителна поддршка.

 

Иако Рубина не голема љубителка на социјалните мрежи, од време на време, ја проверува својата Фејсбук страница. Во една прилика, вниманието ѝ го привлекла една реклама – повик за предлози, финансиран од ЕУ, во склоп на проектот ‘P.O.W.E.R.’, имплементиран од Caritas Босна и Херцеговина; кои поддржуваат вработување на лица со хендикеп.

 

Откако разговарала со својот сопруг, одлучиле да побараат повеќе информации. Со оглед на тоа што Caritas Босна и Херцеговина е организацијата одговорна за локална имплементација на проектот, Рубина се обратила кај нив. Тие ѝ потврдиле дека е соодветна кандидатка и ѝ објасниле дека процедурата за аплицирање е навистина едноставна. Рубина немала што да изгуби, па, затоа, одлучила да состави предлог-барање и го поднела своето досие.

 

За да бидат поефикасни, имале потреба од трактор. Со него, би можеле да посветат повеќе време на зголемување на производството на млеко и сирење, а и да ја прошират палетата производи. “Благодарение на проектот, добивме трактор кој ни е од огромна помош. Мојот сопруг сега може побрзо и поефикасно да ги извршува земјоделските обврски. Едноставно кажано, за нас, ова е извонредна поддршка.“ – среќно раскажува Рубина.

 

Компанијата на Рубина, ‘Rubi Milk’, воглавно продава домашно сирење и млеко преку достава по нарачка во Сараево. Благодарение на тракторот, го прошириле бизнисот и започнале со одгледување зеленчук. “Луѓето се заинтересирани за органски и домашни продукти, па си помисливме – ‘зошто да не додадеме свежи и природно одгледани зеленчуци на нашата листа со производи?’ Ова се покажа како одлична идеја, а нашите клиенти ги обожаваат производите. Сега, заедно со сирењето, доставуваме и свежи зеленчуци.“

“Со соодветна поддршка и вистински можности, луѓето со хендикеп можат значително да придонесат за општеството.“

Rubina Džanović

Нудејќи ги вистинските можности

За многу лица со хендикеп или здравствени нарушувања, предизвик е да се најде и задржи работа. Златко Михалиќ од Caritas Босна и Херцеговина објаснува дека целта на проектот ‘P.O.W.E.R.’ е да му докаже на општеството дека луѓето со хендикеп треба да имаат ист пристап до можности за работа како и лицата без хендикеп.

“Со соодветна поддршка и нудејќи им вистински можности, луѓето со хендикеп можат значително да придонесат за општеството. Но, тие се соочуваат со бројни предизвици; од стигматизирање, па сè до несоодветни алатки за поддршка.“ Со соодветна поддршка, корисниците на помош би можеле да го развијат својот живот и бизнис.

Проектот ‘P.O.W.E.R.’ беше имплементиран како дел од Програмата за меѓугранична соработка на ЕУ во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Благодарение на овој проект, повеќе од 100 лица со хендикеп добија можност за зголемување на нивните професионални способности преку менторство и обуки, директна поддршка за набавка на опрема, кариерно советување, користење на интерактивна платформа за кариерен развој и вработување на лица со хендикеп, како и директна поддршка за вработување.

Дознај повеќе

Photo Credits: Rubina Dzanovic

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.