Преку повеќе од две децении, Небојша Радовиќ, од Братунац во БиХ, одгледува малини; а, денес, неговата сопруга и трите деца му помагаат на насадите со малини. Поради дополнителните приходи кои ги добиваме од малините, Небојша објаснува: „Малините ни значат многу. Мојата сопруга нема друга работа, а мојата постојана работа не е доволна за покривање на сите трошоци. И децата ги подучуваме за одгледувањето малини.“
Небојша е еден од неколкуте кооперанти во семејната компанија, „Herbos Nature“, која собира шумски овошја уште од 2006 година. Од 2012 година, компанијата е ангажирана во купување, преработка и продажба на големо на шумски плодови, печурки и билки. Денес, имаат мрежа од преку 1000 кооперанти ширум државата.
Поддржување раст во време на криза
Маида Хаџиавдиќ, од „Herbos Nature“, објаснува дека компанијата стабилно растела со години; но дека, како и многу други бизниси, биле соочени со тешкотии кога пандемијата КОВИД-19 започна во 2020 година. „Како што постојано растевме, имавме и проблеми, но со пандемијата, проблемите пораснаа, особено за нашите кооперанти,“ вели Маида.
Тогаш, наишле на повик за предлози за поддршка на земјоделските претпријатија во БиХ, отворен од проектот „EU4AGRI“; финансиран од ЕУ. „Herbos Nature“ се пријавиле и добиле поддршка; вклучително и купување опрема за компанијата и нивните кооперанти, како и друг вид помош за подобрување на условите за работа; во вкупна вредност од преку 114000 евра.
Како еден од кооперантите на „Herbos Nature“, Небојша добил вредна опрема, финансирана од ЕУ, за олеснување на семејната работа и поголема ефикасност. „Со оглед на тоа што сега имам свој мотокултиватор, дониран од „EU4AGRI“, моите трошоци се помали,“ објаснува Небојша.
Проектот ѝ овозможил на компанијата да искористи нова опрема и дополнителна поддршка. „Поддршката од „EU4AGRI“ ни помогна да го прошириме нашиот пазар. Покрај Устиколина и Братунац, сега имаме филијала и во Травник. Вработивме повеќе работници и започнавме соработка со дополнителни кооперанти.,“ вели Маида. Преку опремата добиена од „EU4AGRI“, компанијата ги модернизирала, исто така, и своите производствени процеси.
Како 23 годишната Маида, така и останатите вработени се, најчесто, млади обучени професионалци; имајќи за задача да внимаваат работата да ги исполнува највисоките стандарди за квалитет. Преку 95 % од производството е наменето за извоз во држави како Франција, Германија, Полска, Србија, Словенија, Швајцарија и Турција. „Новата опрема ни овозможи да го подобриме производството и да ги задоволиме барањата на нашите клиенти,“ вели Маида. „Среќни сме што учествувавме во проектот „EU4AGRI“; придонесувајќи, на тој начин, за одржливоста на земјоделскиот и прехранбениот сектор во БиХ.“
За проектот
Проектот „EU4AGRI“ е четиригодишна иницијатива (2020 – 2024), насочена кон модернизирање на земјоделско-прехранбениот сектор, создавање нови работни места, како и задржување на веќе постоечките, и поддржување на закрепнувањето од кризата КОВИД-19 во БиХ. Целосната вредност на проектот, основан од ЕУ, изнесува преку 20 милиони евра; а истиот е заеднички имплементиран и кофинансиран од програмата на Обединетите Нации за развој во БиХ и Агенцијата за развој на Република Чешка.
Some of the content in this story has been re-used with permission from an article published by EU4AGRI
Photo credits: EU4 AGRI
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!