Picea omorika, уште позната како Српска смрека или оморика, е живо фосилизирано дрво ендемично за мала површина на границата на Србија со Босна и Херцеговина. Прогласена како заштитен вид во 1995 година, научниците сметаат дека набрзо ѝ претстои опасност од исчезнување доколку не бидат решени проблемите со нејзиното зачувување.
Во еволуциска смисла, се работи за најстарото постоечко дрво во Европа; кое останало неидентификувано сè до 1875, што од него прави едно од последно откриените дрвја.
Професорот Милан Матаруга од Универзитетот Бања Лука во Босна и Херцеговина е еден од водечките научници кои работат на зачувувањето на ова ретко растение.
“Првпат дознав за Српската смрека кога бев студент на Факултетот за шумарство на Универзитетот во Белград во 1991. Имавме теренска посета на областа каде што ова дрво е ендемично и искуството беше љубов на прв поглед. Веднаш ме освои убавината на ова ретко растение и оттогаш е мојот омилен вид“, вели тој.
Од тој момент, професор Матаруга мечтаел да добие слободно време за да работи на зачувување на Српската смрека. Последната слична иницијатива датира пред седумдесетина години; во 1951, така што професорот знаел дека е потребна нова низа иницијативи. Но, помеѓу академските и семејните обврски, како и поради недостатокот на средства, не можел да најде начин за остварување на својот сон.
“Веднаш ме освои убавината на ова ретко растение и оттогаш е мојот омилен вид.“
Милан Матаруга, професор
Заедничка работа
Приликата дошла во 2019 кога професор Матаруга започнал да работи на проект, финансиран од ЕУ, кој имал за цел зачувување на ретки ендемични видови. Проектот го одредува статусот на популацијата Српска смрека, предлага заштитни мерки и стреми кон подигнување на јавната свест за нејзино зачувување; особено меѓу луѓето кои живеат во регионот, со посебен акцент на младите во областа каде што е застапен овој вид.
Локалитетите на проектот се наоѓаат на двете страни на реката Дрина, а проектот ќе заштитува дваесет живеалишта на Српска смрека во меѓуграничниот регион. Активностите се спроведуваат во заедничка иницијатива на јавното претпријатие Национален парк Тара во Србија и јавното претпријатие Шуми на Република Српска во Босна и Херцеговина.
Маријана Јосиповиќ од Национален парк Тара објаснува дека целта на проектот е да придонесе за зачувување на природниот биодиверзитет на регионот, вклучувајќи ја, се разбира, и заштитата на Српската смрека. Таа објаснува дека проектните партнери работат рамо до рамо за да го поддржат опстанокот на овие видови преку подобро управување со загрозените живеалишта на Српската смрека и подигнување на свеста за важноста на загрозените видови.
“Зачувувањето на ова растение е значајно наследство за идните генерации.“
Милан Матаруга, професор
Создавање наследство
Д-р Јелена Алексиќ, од институтот за Молекуларна генетика и генетски инженеринг во Белград, ја потенцира потребата од детално генетичко истражување, план за управување и долгорочна стратегија за опстанокот на Српската смрека во овие простори. Професор Матаруга има, исто така, долгорочни гледишта. Според него, важен исход од проектот е волонтерскиот ангажман на инволвираните студенти. Знае, од лично искуство, каков ефект може да има ова скапоцено дрво врз младите и заклучува со следните зборови: “ Зачувувањето на ова растение е значајно наследство за идните генерации.“
Проектот е поддржан од ЕУ преку програмата за Меѓугранична соработка – Србија и Босна и Херцеговина.
Photo Credits: Milan Mataruga

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!