Кампањата „Културата поврзува“ на „WeBalkans“ беше претставена на Регионалната конференција за младинска културна соработка, која се одржа во Европската куќа во Белград. Настанот беше организиран од Младинската лабораторија за Западен Балкан 2 на Советот за регионална соработка (СРС).
На настанот присуствуваа уметници, претставници на Европската Унија, како и претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС) и СРС, коишто ги разгледуваа можностите за културна соработка во регионот.
Огњен Марковиќ, тим-лидер на Младинската лабораторија за Западен Балкан 2 на СРС, ја отвори конференцијата со повик за унапредување на системите за поддршка во насока на целосно исполнување на креативниот и визионерскиот потенцијал на младите. „Вложувањето во нашите млади таленти и пружањето поддршка за нивните иницијативи не само што го зајакнува културното ткиво на Западен Балкан, туку и ги поставува темелите за поинклузивна и подинамична иднина“, истакна тој.
Презентацијата на кампањата „Културата поврзува“ ја истакна важноста на културната соработка и нагласи дека различните култури на Западен Балкан придонесуваат регионот да биде подинамичен и поотпорен. Таа напомена дека особено важна е поддршката што ја пружа ЕУ преку програми како што се „Креативна Европа“ и „CC4WB“, со кои се поттикнуваат културните иницијативи во регионот.
Ричард Маша, раководител за операции во Дел II на Делегацијата на ЕУ во Србија, ја потврди посветеноста на ЕУ на негувањето на младинскиот потенцијал и зајакнувањето на културната соработка.
“Поддршката на културата и културниот дијалог е клучна за поврзување на луѓето и негување на единството во нашата различност.”
Ричард Маша, раководител за операции, Дел II, Делегација на ЕУ во Србија
На конференцијата се истакна клучната улога на културниот сектор како катализатор за економски раст и кохезија на заедницата, што претставува важен чекор за обединување на културниот пејзаж, во кој младите уметници не само што учествуваат, туку и активно го обликуваат културниот наратив на регионот.
Со Марија Булат, раководителка на локалната канцеларија на РКМС, разговаравме за трансформативната моќ на културниот дијалог. „Дијалогот е од клучно значење за уривање на бариерите, поттикнување емпатија и промовирање на регионалната соработка“, објасни таа, додавајќи дека Младинскиот културен фонд на РКМС на Западен Балкан отвора нови можности за градење мир преку уметноста и културата.
Покрај претставувањето на кампањата „Културата поврзува“, на конференцијата се зборуваше и за тесната соработка со „WeBalkans“. Младиот европски амбасадор Ади Софтиќ ја модерираше сесијата „Создавање одржливи културни мрежи“. Нашата културна амбасадорка, Мара Прохаска, се придружи на експертот за кампањата за да претстави сегмент за создавањето документарци како дел од уметноста. Дополнително, главниот говор го одржа младата уметница Хана Дујмовиќ, која исто така ја носи титулата културна амбасадорка на кампањата „Култура поврзува“.
“Поддршката на културата и културниот дијалог е клучна за поврзување на луѓето и негување на единството во нашата различност.”
Ричард Маша, раководител за операции, Дел II, Делегација на ЕУ во СрбијаНа конференцијата се истакна клучната улога на културниот сектор како катализатор за економски раст и кохезија на заедницата, што претставува важен чекор за обединување на културниот пејзаж, во кој младите уметници не само што учествуваат, туку и активно го обликуваат културниот наратив на регионот.
Со Марија Булат, раководителка на локалната канцеларија на РКМС, разговаравме за трансформативната моќ на културниот дијалог. „Дијалогот е од клучно значење за уривање на бариерите, поттикнување емпатија и промовирање на регионалната соработка“, објасни таа, додавајќи дека Младинскиот културен фонд на РКМС на Западен Балкан отвора нови можности за градење мир преку уметноста и културата.
Покрај претставувањето на кампањата „Културата поврзува“, на конференцијата се зборуваше и за тесната соработка со „WeBalkans“. Младиот европски амбасадор Ади Софтиќ ја модерираше сесијата „Создавање одржливи културни мрежи“. Нашата културна амбасадорка, Мара Прохаска, се придружи на експертот за кампањата за да претстави сегмент за создавањето документарци како дел од уметноста. Дополнително, главниот говор го одржа младата уметница Хана Дујмовиќ, која исто така ја носи титулата културна амбасадорка на кампањата „Култура поврзува“.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!