Иницијативата „EU4Green“ не е само проект, туку вистинско движење што го преобразува Западен Балкан во регион што е лидер во одржливост и иновации. Од борбата со загадувањето до поддршката за надградување на зелените вештини и унапредување на образованието, „EU4Green“ поставува темели за почиста и поздрава иднина, создавајќи нови работни места и зајакнувајќи ги врските со ЕУ. Еве како оваа револуционерна иницијатива носи значајни промени во регионот.
Иницијативата „EU4Green“ постигнува значителен напредок во унапредувањето на еколошката одржливост ширум Западен Балкан. Еден од примерите за ова е серијата подкасти „Зелен подкаст на Западен Балкан“ („Western Balkans GreenCast“), која ги истражува важните еколошки прашања и стратегиите за зелена транзиција како во регионот, така и во ЕУ. Оваа серија опфаќа интервјуа со експерти, реални студии на случај и длабински дискусии, кои имаат за цел да ги поттикнат и едуцираат слушателите да применуваат одржливи практики и решенија за поздрава планета.
Првата епизода, „Вода: Секојдневна потреба“, се фокусира на зачувувањето на водата, што е од суштинска важност за Западен Балкан и ЕУ. Во неа учествуваат професорката Драгана Томашевиќ Пилиповиќ од Универзитетот во Нови Сад и Харалд Лоишанл Вајс, експерт за санација на загадени води од Агенцијата за заштита на животната средина во Австрија. Тие ја анализираат проблематиката со загадувањето на водата и објаснуваат зошто е клучно да се заштитат водните ресурси, за да се осигури одржлива иднина на водата. Во разговорот се истакнуваат најчестите заблуди, објаснувајќи дека проблемите со водата не се однесуваат само на квантитетот, туку и на квалитетот на водата. Понатаму, се разговара за потребата од подобри системи за мониторинг, за застарените станици за третман на отпадни води, и за загадувањето што произлегува од индустријата и земјоделството. Епизодата ја истакнува итната потреба од регионална соработка и ефективно спроведување на еколошките прописи.
Оваа серија на подкасти ја отсликува посветеноста на иницијативата „EU4Green“ за транспарентност и вклучување на јавноста, нагласувајќи ги конкретните еколошки успеси и поттикнувајќи оптимизам кај граѓаните, додека истовремено промовира одговорност во управувањето. Преку иницијативи како кампањата #WeDidIt, иницијативата „EU4Green“ оддава признание за постигнатиот напредок како резултат на регионалните и локалните заложби за спроведување мерки и реформи согласно Зелената агенда. Овој пристап покрај тоа што укажува на позитивните придобивки од заедничките заложби за заштита на животната средина и општеството, поттикнува и да се споделува знаење помеѓу чинителите, охрабрувајќи ги другите економии да ги применат успешните стратегии.
Преку овие иницијативи, „EU4Green“ продолжува да им пружа поддршка на земјите од Западен Балкан на патот кон позелена и поодржлива иднина, согласно пошироките цели на Зелената агенда на Европската Унија.
За повеќе информации, можете да ги погледнете првите епизоди на „Зелен подкаст на Западен Балкан“ овде: Прекуграничен подкаст „EU4Green“.
За проектот:
Проектот „EU4Green“ ги поддржува земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во спроведувањето на „Зелената агенда за Западен Балкан“. Тој им помага во заложбите за позелени економии во консултација со сите релевантни партнери, како и во подобрувањето на системите за мониторинг и известување.
„EU4Green“ ќе придонесе во регионот со следниве активности:

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!