Компанијата „ЦЕМПРОМ“ од Прељина, којашто е водечки играч во производство на бетон, докажа дека одржливоста и деловниот успех може да одат рака под рака. Користејќи ги придобивките од програмата „Ecoloans“, финансирана од Германската развојна банка (KfW) и поддржана од Регионалната програма за енергетска ефикасност на ЕУ (REEP), компанијата направи значителни чекори за усогласување на нејзините активности со еколошките стандарди.
Од компанија за производство на бетонски блокови и пакување цемент во вреќи, „ЦЕМПРОМ“ којашто е основана во 1992 година, прерасна во водечки производител на бетон, и може да се пофали со проекти како Коридорот Е 763 и соработка со локални градежни партнери. Денес, со возен парк што го сочинуваат преку 100 камиони и 150 вработени, компанијата поседува капацитет за производство на околу 300.000 тони бетон на годишно ниво.
Со инвестиција од 820.000 евра, овозможена од УниКредит банка, „ЦЕМПРОМ“ го осовремени нејзиниот возен парк со возила со погон на метан. Ова резултираше со намалување на потрошувачката на гориво за 42%, намалување на емисијата на азотни оксиди за 32% и намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 56%, со дополнително значително намалување на несогорените јаглеводороди и честички. Во поглед на финансии, овие промени резултираа со заштеда од околу 20% на годишно ниво, при што се очекува инвестицијата да се врати за четири до пет години. Дејан Исаиловиќ, директор за производство на „ЦЕМПРОМ“, ги смета овие иницијативи за економски и еколошки стратешки потези кои придонесуваат за одржлив раст на компанијата и за отворање нови работни места.
„Нашиот непоколеблив стремеж да водиме еколошки бизнис отсекогаш ни бил приоритет. Ова патување ни отвори нови хоризонти, овозможувајќи ни да испорачуваме поголеми количини за значајни проекти и да го прошириме асортиманот со нови услуги, како транспорт на цемент.“
Дејан Исаиловиќ, директор на производство на „ЦЕМПРОМ“
Посветеноста на „ЦЕМПРОМ“ кон одржливоста не се однесува само на трансформацијата на нејзиниот возен парк. Компанијата користи отпадна вода во процесот на производство, а остатоците од материјалите служат за локална употреба, што е одраз на нејзиното посветено пружање поддршка на заедницата и ефикасното управување со ресурсите. Овој проактивен пристап им служи за пример на другите компании, поставувајќи висок стандард за енергетска ефикасност и еколошка одговорност.
Програмата „Ecoloans“, којашто е од суштинска важност за патот на Србија кон позелена економија, има за цел да се справи со два клучни предизвици за малите и средните претпријатија: ограниченото долгорочно финансирање и потребата од подигање на свеста за одржливо работење. Со износ од 120 милиони евра префрлен во српските банки, оваа програма им помага на бизнисите да ги намалат енергетските трошоци и емисијата. Програмата е дел од REEP, во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан, и е одраз на силната поддршка од ЕУ и Германија.
И покрај почетните високи трошоци за усвојување зелени практики, Исаиловиќ ги охрабрува малите и средните претпријатија да ја прифатат одржливоста, истакнувајќи дека за краток период ќе им се врати инвестицијата, а за возврат ќе имаат бројни придобивки.
„Потребно е под итно да се подигне свеста за одржливо и еколошко работење“, вели тој. „Најдобар начин да се отстранат сомнежите е да се води отворен дијалог и да се учи од компании кои веќе чекорат по овој пат и може да се пофалат со заштеда и унапредено производство.“
Програмата „Ecoloans“, финансирана од Германската банка за развој и поддржана од ЕУ, обезбеди 120 милиони евра во српските комерцијални банки. Оваа програма е суштинска компонента на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP).

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!