Возобновениот иконичен мозаик на Албанија го добива својот оригинален сјај на главниот плоштад во Тирана News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

19/05/2023

Возобновениот иконичен мозаик на Албанија го добива својот оригинален сјај на главниот плоштад во Тирана

16.мај го одбележа официјалното прикажување на возобновената фасада на мозаикот на Националниот историски музеј сместен на плоштадот Скендер Бег во Албанија. Церемонијата беше дел од прославата на Неделата на Европа и на неа присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, Министерството за култура, ОН и Бирото на ОН за поддршка на проекти, медиуми, експерти за наследство, како и креаторите на мозаикот. Мозаикот беше реставриран во рамки на програмата „ЕУзаКултура“ („EU4Culture“), финансирана од ЕУ, а имплементирана од Бирото на ОН за поддршка на проекти, во блиска соработка со Министерството за култура на Албанија.

 

Мозаикот на фасадата од Националниот историски музеј се смета за еден од најдобрите примери на доцниот албански социјалистички реализам. Поставен во 1981 година, мозаикот ги прикажува, на површина од 565 м2, едни од најзначајните достигнувања во историјата на државата, од стариот период, па сè до ерата на Комунизмот. Дизајнот е изработен од реномирани уметници; вклучително Вилсон Килика, Јосиф Дробонику, Агим Небиу, Анастас Костандини и Александар Филипи.

 

Во ноември, 2019 година, Албанија ја погоди еден од најсмртоносните земјотреси во последните 50 години. Последиците беа ужасни, причинувајќи голема штета во 11 општини, вклучително и бројни локалитети на културно наследство, меѓу кои и мозаикот. Како одговор на кризата, ЕУ го започна проектот „ЕУзаКултура“ („EU4Culture“), имплементиран од Бирото на  ОН за поддршка на проекти, во блиска соработка со Министерството за култура на Албанија. Проектот се фокусира на реновирање и ревитализирање на локалитетите на културно наследство кои беа оштетени од земјотресот и е една од најголемите програми за културно наследство, на светско ниво, со целосен буџет од 40 милиони евра.

Read more

Извор: EU4 Culture

Извор на фотографии: EU4 Culture

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.