Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Европската комисија во февруари објави повик за предлози во рамки на линијата култура на програмата Креативна Европа за поддршка на проекти за европска соработка. Со овој повик, Европската комисија ги поддржува професионалците од културниот и креативниот сектор преку широк спектар на активности и иницијативи.
Акцијата ги интегрира меѓусекторските прашања за инклузивност, заштита на животната средина и родовата еднаквост, како и тематските приоритети релевантни за the New European Bauhaus.
Со буџет од 68 милиони евра, акцијата ќе поттикнува соработка меѓу организациите од креативниот сектор. Целите на повикот се зајакнување на транснационалното творештво, овозможување на движењето на европските дела и уметници, како и негување на таленти. На тој начин ги поддржува иновациите, напредокот, креирањето на работни места и економскиот раст.
Градење на капацитетите или активности за обуки во секторите за културно наследство, музика, книги и издаваштво, архитектура, мода и дизајн, како и културен туризам се приоритетите во оваа рунда на акции. Проектите можат исто така да се фокусираат на развој на публиката, социјална инклузија, одржливост, дигитализација или развој на меѓународни врски за професионалци во културата.
Извор: Creative Europe
Автор на фотографија: Creative Europe
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!