Растејќи во Јужна Унгарија во средината на 80-тите години, Ласло Јухаз, денес претседател, продуцент и издавач на институтот „ОнРизом“, летните одмори ги поминуваше на југословенската ривиера.
Тој тогаш не можеше ни да претпостави дека планините и патиштата низ кои минува ќе станат клучни во неговиот професионален живот.
Во периодот на раните 2010-ти години, Ласло и Наташа Серец, како и многу други, читаа наслови со зборови како „футуристички“, „бруталистички“, „модернистички“ и „минималистички“ на современите платформи за уметност и во медиумите. Овие наслови беа придружени со фотографии од места и градби кои Ласло имал можност да ги види во своето детство, од задното седиште на автомобилот на неговото семејство за време на летувањата на југословенското крајбрежје.
Ваквите наслови од раните 2010-ти започнаа да ги прикажуваат во ново светло спомениците од Втората светска војна кои се присутни низ поранешните југословенски држави. Овие препознатливи градби за регионот почнаа да будат интерес кај светската јавност. Интересот доведе до изложбата „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија во периодот 1948-1980 година“ отворена во реномираниот њујоршки музеј „МоМА“ во јули 2018 година.
Изложбата предизвика огромен интерес за овие споменици, што доведе до објавување неколку книги со фотографии на оваа тема. Овие публикации главно го документираа визуелниот аспект на спомениците, разгледувајќи ги или од историска перспектива, или во контекст на нивното архитектонско или општествено значење, како дел од ова богато и повеќеслојно социјалистичко наследство.
Сепак, дури за време на втората година од пандемијата на КОВИД-19, кога светот застана и луѓето повторно се поврзаа со природата, основачите на „ОнРизом“ и истражувачкиот проект „Звучен споменик“ („Sounding Spomenik“), Наташа Серец и Ласло Јухаз, почнаа да ги посетуваат локациите на кои се наоѓаат овие споменици. И двајцата се музички продуценти, па некако дојде природно да покажат интерес за звучниот аспект на овие масивни и сложени градби, кои се изградени во сеќавање на Втората светска војна.
„Материјалите од кои се изградени спомениците, главно бетон, мермер, стакло и метал, и локациите на кои се поставени се особено интересни за истражување на звучниот аспект“, вели Серец, една од основачите на „ОнРизом“ и истражувачкиот проект „Звучен споменик“.
Границите беа затворени за време на пандемијата, па затоа на почетокот Серец и Јухаз ги посетуваа само спомениците во Словенија. „По ова почетно искуство, речиси веднаш се роди идејата за концептот „Звучен споменик“ – моравме да донесеме музичари да свират соло на преносни акустични инструменти во овие бетонски градби и да ги снимиме звуците со квалитетни уреди за снимање и микрофони. Создавањето на музиката е само половина од проектот, другата половина ја сочинуваат низа автентични снимки на звуци од опкружувањето на градбите, односно снимки од терен без каква било манипулација“, вели Јухаз за раните фази на нивниот проект.
Спомениците од Втората светска војна се распослани низ поранешните југословенски држави, па следен чекор на двајцата истражувачи и музички продуценти беше да ги прошират своето истражување и работа. Одлична можност им се укажа преку програмата „Културата ја движи Европа“ на „Гете“, финансирана од ЕУ и наменета за мобилност на уметниците.
Наскоро, тие склучија партнерство со „Студио6“ – српски колектив на музичари, композитори и истражувачи посветени на промовирање на современата музика. „Студио6“ им беше домаќин за време на тринеделниот престој во Србија, за време на кој, во соработка со локални уметници, тие успеаја да истражуваат и снимаат на два споменици проектирани од Богдан Богдановиќ, во Попина и Чачак.
Престојот на уметниците со времетраење од 21 ден во Белград, Србија, на кој домаќин беше современиот музички колектив „Студио6“, беше првото подолго истражувачко патување на „ОнРизом“ за време на кое имаа доволно време да запознаат свирачи на инструменти, локални архитекти, дизајнери и теренски експерти. Покрај вмрежувањето, истражувањето, работата на терен, постпродукцијата и претставувањето на проектот на последната вечер од престојот, нивната главна цел беше внимателно да испланираат и изведат две сесии за снимање на два прочуени локалитети со два споменика проектирани од архитектот Богдан Богдановиќ – во Попина со српската виолинистка Мања Ристиќ и во Чачак со српската харфистка Милана Зариќ.
На 25 јули, на крајот од нивниот престој, тие имаа јавна презентација на проектот „Звучен споменик“ во Белград, на која им се придружи историчарот Ненад Лајбеншпергер.
Спојот на музика, архитектура, дизајн и историско истражување е сржта на проектот „Звучен споменик“, кој има за цел да ги истражи југословенските споменици посветени на Втората светска војна, кои се пред останатото „споменици“, покрај нивните доминантни политички и идеолошки наративи со истакнување на нивното архитектонско, и што е најважно, нивното акустично значење. Со снимањето на терен и повремените изведби во живо, музичарите создаваат однос со овие градби, документирајќи ги нивните акустични квалитети и звуците од нивното опкружување, на тој начин создавајќи жива архива што го продлабочува нашето сфаќање за историјата и социјалистичкото наследство.
На секоја локација, Серец и Јухаз ги покануваат локалните музичари да учествуваат во истражувањето на градбите и снимањето. Досега работеа со неколку локални уметници во Словенија и Србија, а моментално се подготвуваат за престој во Босна и Херцеговина, каде што ќе продолжат со истражувањето.

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!