„Со срцето и мислите сме со народот на Босна и Херцеговина којшто го погодија разорни поплави. Го активиравме нашиот механизам за цивилна заштита на ЕУ и испраќаме спасувачки тимови на терен. Ова е солидарноста на ЕУ на дело“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија, којашто обезбеди помош од ЕУ за народот на Босна и Херцеговина да ја преброди тешката состојба до која го доведоа катастрофалните поплави и лизгањето на земјиштето на 4 октомври, при што животот го изгубија 22 лица, а многумина и ден денес се водат како исчезнати.
Катастрофални поплави и лизгање на земјиштето коишто ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на годината, однесоа 22 животи, а многумина се водат како исчезнати. При вакви несреќи важно е да се реагира брзо и координирано, за да им укаже помош на луѓето на кои им е потребна и за да се стави ситуацијата под контрола. Европската Унија брзо реагираше со активирање на својот Механизам за цивилна заштита. Беа ангажирани тимови за пребарување и спасување, а Службата за управување со вонредни состојби „Коперник“ на ЕУ обезбеди сателитски податоци за да им помогне на локалните власти. Овие заложби помогнаа да се врати во функција основната инфраструктура и да се обезбеди помош за погодените заедници, што им беше од помош на локалните власти да се справат со катастрофата и да ја санираат основната инфраструктура. Поројните поплави и свлечиштата ги опустошија регионите околу Јабланица и Коњиќ, домовите беа затрупани, патиштата и железничките пруги беа уништени, а цели заедници останаа отсечени.
Заложбата на ЕУ да му биде на располагање на народот на Босна и Херцеговина дополнително ја потврди Јанез Ленарчич, кој истакна: „Тимовите за брз одговор на Босна и Херцеговина не се препуштени сами на себе да се справуваат со оваа катастрофа. Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, 12 земји понудија да испратат итна помош. Екипи за пребарување и спасување од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија се веќе на терен, поддржувајќи ги локалните тимови за управување со кризи. Ова ја отсликува солидарноста на ЕУ во вакви тешки состојби“. Екипите од овие земји пристигнаа до 5 октомври со цел учествуваат во потрагата по исчезнатите лица, да ги отстранат урнатините и да ја стават во функција основната инфраструктура. Дополнително, во координација со ЕУ Албанија, Унгарија, Романија, Црна Гора и Турција испратија итна материјална помош за раселените семејства. ЕУ ја координираше и испораката на оваа итна материјална помош, вклучително материјали за привремени засолништа и итни резерви, за помош на раселените семејства.
Службата за управување со вонредни состојби „Коперник“ одигра клучна улога, со тоа што обезбеди сателитски снимки за проценка на штетата, мапирање на поплавените подрачја и идентификување на најпогодените региони. Овие податоци им овозможија на спасувачките тимови да ги приоретизираат своите заложби и поефикасно да стигнат до отсечените заедници. „Коперник“ беше активиран и летоска, за да помогне за време на широко распространетите шумски пожари во Албанија и Северна Македонија, уште еднаш покажувајќи ја својата важна улога во управувањето со природни катастрофи на територијата на Западен Балкан.
За време на интервенциите во поплавеното подрачје, редовно се обезбедуваа висококвалитетни сателитски снимки и проценки на штетите, што беше во прилог на заложбите за спасување на теренот. Координираната акција на ЕУ, преку нејзиниот механизам за цивилна заштита и преку „Коперник“, сведочи за непоколебливото пружање поддршка на Босна и Херцеговина во моментите на криза. До 11 октомври, по неколкудневните континуирани заложби за спасување и санација, прекина доставата на сателитски снимки и податоци, со што се означи крајот на непосредната реакција на ЕУ.

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!