Да работиме во склад со природата, а не против неа | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Да работиме во склад со природата, а не против неа

04 Фев 2025

Одржливо управување со шумите за егзистенција и заштита на животната средина.

„Порано можевме да ги продаваме само свежи билките, но сега можеме да ги сушиме и пакуваме, што ја зголемува нивната пазарна вредност“, вели таа. Сега тие не само што ќе можат да го прават тоа што го правеле цел живот, туку ќе можат и да заработуваат од тоа. 

 

Кумрије Кадриу

Кумрије објаснува дека имаат за цел е да изградат одржлива мрежа на жени собирачки, која ќе функционира како синџир на снабдување, и дека планираат да ги откупуваат собраните билки и бобинки од жените кои веќе се занимаваат со оваа активност, нудејќи им конкурентна цена која ќе ја зголеми нивната конкурентност на пазарот. Најголема корист од оваа иницијатива ќе имаат жените од заедницата. 

Заложбите на Рахим и Кумрије се дел од поширока иницијатива за подобрување на животната средина во руралните подрачја, во насока на обезбедување одржливост на косовските шуми. Проектот е поддржан од ЕУ и се спроведува во повеќе региони, со фокус на одржливите практики за управување со шумите, намалување на нелегалната сеча и поттикнување да се користат шумски производи што не се дрва, како што се билките што ги собираат Кумрије и жените од нејзиното село. 

Приказните на Кумрије и Рахим се само дел од многуте успешни примери на поединци, семејства и заедници кои имаат директна корист од проектот „Поддршка за зајакнување на одржливото и повеќенаменското управување со шумите во насока на справување со климатските промени и подобрување на руралната егзистенција во Косово“, којшто е финансиран од ЕУ и спроведен од Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). 

Согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики, со акцент на урамнотежена интеграција на еколошките, социјалните и економските функции во шумските екосистеми, се изготвија четири планови за управување со шумите со примена на нова методологија којашто го префрла фокусот од традиционалното управување со шумите на пристап заснован на екосистемите. 

Токму нивниот холистички пристап ги прави овие планови особено значајни, не само за заедниците и директните корисници, туку и за креаторите на политиките. Плановите опфаќаат темелни и сеопфатни насоки за управување со шумите, земајќи ги предвид пошироките екосистемски услуги што ги нудат шумите, како што се зачувувањето на биолошката разновидност, секвестрацијата на јаглеродот и придобивките за заедницата, вклучително користењето шумски производи што не се дрва. Се очекува оваа нова методологија за подготовка на планови за управување со шумите, која ќе биде имплементирана од Агенцијата за шуми на Косово во блиска иднина, да придонесе кон значително подобрување во практиките за управување со шумите во земјата, зголемување на одржливоста на шумите, ублажување на климатските промени и промовирање на благосостојбата на локалните заедници. 

„Отсекогаш сум ја сакал шумата и сонував професионално да се занимавам со шумарство, но поради недостаток на соодветно образование, мојот сон никогаш не се исполни.

 

Рахим Зеќири

Како дел од програмските активности, успешно беа пошумени вкупно 128 хектари шума. Програмата особено истакна од колкаво значење е вклучувањето на локалната заедница во овие активности, особено во рамките на пилот-единиците за управување. Членовите на заедницата стекнаа практично искуство во техниките на садење, а притоа имаа финансиска корист од учеството. Иако сè уште постојат предизвици за одржливо управување со шумите во Косово, од кои нелегалната сеча продолжува да биде огромен проблем, холистичкиот пристап на програмата и интервенцијата на повеќе нивоа донесоа значајни придобивки. Програмата работи директно со поединци кои живеат во планинските подрачја, коишто не само што ги образува како правилно да ги користат шумските ресурси, туку и како да остваруваат профит со нивните активности. Овој пристап ја менува културата и начинот на размислување за значењето на одржувањето здрави и чисти шуми. Понатаму, преку соработка со институциите и креаторите на политики, програмата е целосно посветена на обезбедување позелена и поздрава иднина за жителите на Косово.

 

 

 

 

 

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.