На 23. октомври, започна посетата на Западен Балкан на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на којашто таа ја истакна поддршката на ЕУ за економските реформи, зајакнувањето на регионалната соработка и итната помош за закрепнување од поплавите.
За време на нејзината посета, по одобрувањето на реформската агенда, таа ја истакна поддршката на ЕУ за социоекономски реформи и за зајакнување на регионалната соработка. Почнувајќи од Тирана, Албанија, таа го отвори кампусот на Колеџот на Европа, нагласувајќи ги можностите за младите лидери. Додека патуваше низ Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, стави акцент на економската интеграција, поддршката за обновливите извори на енергија и ветувањето за зацврстување на врската со Европската Унија.
За време на посетата, Урсула фон дер Лајен ги пофали реформите спроведени од секоја земја и најави значителни инвестиции од ЕУ за унапредување на инфраструктурата и проектите за чиста енергија. Нејзината порака беше јасна: ЕУ продолжува посветено да го поддржува напредокот на регионот кон интеграцијата во ЕУ, при што Планот за раст на ЕУ обезбедува итна помош и долгорочни инвестиции. Од справување со климатските предизвици во Босна и Херцеговина до унапредување на енергетските проекти во Црна Гора, турнејата на фон дер Лајен ја истакна посветеноста на Европската Унија за иднина во која земјите од Западен Балкан играат клучна улога.
Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на најтешко погодениот регион од поплавите во Јабланица, Босна и Херцеговина
Во Тирана, таа одржа средба со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, на којашто разговорите беа насочени кон интеграцијата на Албанија во ЕУ и спроведувањето на Планот за раст на ЕУ. Таа ги истакна иницијативите за обновливи извори на енергија и солидарноста на ЕУ во справувањето со климатските предизвици. Следниот ден, ја посети Северна Македонија, каде што се сретна со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Разговорите се фокусираа на поддршката на ЕУ преку Планот за раст и заложбата за економската интеграција.
„Ја отвораме вратата за конкретни сектори на Единствениот пазар на Европската унија за компаниите на нашите партнери од Западен Балкан. За возврат, нашите партнери од Западен Балкан спроведуваат значајни реформи за да обезбедат еднакви услови за сите. Овие реформи ги поддржуваме со дополнителни европски инвестиции.“
Урсула фон дер Лајен
На 25. октомври, таа отпатува за Босна и Херцеговина, каде што се состана со претседавачката Борјана Кришто во Сараево. За време на посетата, најави итна помош од 20 милиони евра за закрепнување од поплавите и го истакна Планот за раст на ЕУ во прилог на регионалната интеграција. Подоцна дента, таа го посети Белград, Србија, каде што оствари средба со претседателот Александар Вучиќ. Дискусиите беа насочени кон напредокот на Србија на патот кон членство во ЕУ. Фон дер Лајен ги истакна инвестициите од Планот за раст, кои се насочени кон зајакнување на економската интеграција на Србија и развојот на нејзината инфраструктура.
Во Косово, таа се сретна со претседателката Вјоса Османи-Садриу и премиерот Албин Курти, каде што го пофали напредокот на Косово во процесот на интеграција во ЕУ, вклучително неодамнешното спроведување на безвизниот режим и истакна од колкаво значење е регионалната соработка.
На последната станица од турнејата, во Црна Гора, таа се сретна со премиерот Милојко Спајиќ во Подгорица. Разговорите беа фокусирани на пристапувањето на Црна Гора во ЕУ, при што Фон дер Лајен ги истакна клучните инвестиции на ЕУ во енергетиката, инфраструктурата и сајбер безбедноста, како дел од европската интеграција на Црна Гора.
Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на најтешко погодениот регион од поплавите во Јабланица, Босна и Херцеговина
Во Тирана, таа одржа средба со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, на којашто разговорите беа насочени кон интеграцијата на Албанија во ЕУ и спроведувањето на Планот за раст на ЕУ. Таа ги истакна иницијативите за обновливи извори на енергија и солидарноста на ЕУ во справувањето со климатските предизвици. Следниот ден, ја посети Северна Македонија, каде што се сретна со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски. Разговорите се фокусираа на поддршката на ЕУ преку Планот за раст и заложбата за економската интеграција.
На 25. октомври, таа отпатува за Босна и Херцеговина, каде што се состана со претседавачката Борјана Кришто во Сараево. За време на посетата, најави итна помош од 20 милиони евра за закрепнување од поплавите и го истакна Планот за раст на ЕУ во прилог на регионалната интеграција. Подоцна дента, таа го посети Белград, Србија, каде што оствари средба со претседателот Александар Вучиќ. Дискусиите беа насочени кон напредокот на Србија на патот кон членство во ЕУ. Фон дер Лајен ги истакна инвестициите од Планот за раст, кои се насочени кон зајакнување на економската интеграција на Србија и развојот на нејзината инфраструктура.
Во Косово, таа се сретна со претседателката Вјоса Османи-Садриу и премиерот Албин Курти, каде што го пофали напредокот на Косово во процесот на интеграција во ЕУ, вклучително неодамнешното спроведување на безвизниот режим и истакна од колкаво значење е регионалната соработка.
На последната станица од турнејата, во Црна Гора, таа се сретна со премиерот Милојко Спајиќ во Подгорица. Разговорите беа фокусирани на пристапувањето на Црна Гора во ЕУ, при што Фон дер Лајен ги истакна клучните инвестиции на ЕУ во енергетиката, инфраструктурата и сајбер безбедноста, како дел од европската интеграција на Црна Гора.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!