На само еден клик: предизвикување на стереотипите и ослободување на креативноста | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

На само еден клик: предизвикување на стереотипите и ослободување на креативноста

04 Фев 2025

Замислете млад Ром кој живее на Западен Балкан, којшто се соочува со пречки да се вработи и веројатно спаѓа во категоријата лица коишто не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (НЕЕТ). Според анкетата на Ромите спроведена од УНДП во 2017 година, стапката на НЕЕТ кај Ромите изнесува од 73% до 86%, додека кај Ромките во некои региони достигнува и до алармантни 93%. 

За да се справиме со невработеноста кај младите Роми, потребни се сеопфатни решенија, при што дигиталните вештини играат клучна улога. Со пристап до обуки за дигитални вештини, младите Роми ќе имаат можност да се стекнат со вредни знаења во области како дигитален маркетинг, програмирање или анализа на податоци. На овој начин, ќе им се укаже можност да го искористат нивниот претприемачки потенцијал и да ги пораснат нивните бизниси. Оваа промена ќе вроди со нов наратив – од ексклузија до инклузија, како и од предрасуди до отворање нови можности. 

Во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ и спроведен од УНДП во Албанија, Северна Македонија и Србија, со партнерите и повратниците се работи на истакнување на значајноста на дигиталната инклузија и се вложува во обуките за дигитални вештини согласно потребите на повратниците и Ромите. Преку овие иницијативи, Ромите и повратниците се стекнаа со основни дигитални вештини, придонесувајќи кон создавање поправедно и поинклузивно општество. 

Дигиталните вештини истовремено ја поттикнуваат иновативноста и креативноста, кои отсекогаш биле длабоко вкоренети во ромската заедница. Со овие вештини, младите Роми може да го споделат нивниот талент со светот – преку социјалните мрежи, онлајн бизниси или дигитално раскажување приказни. 

Доан Узеироски од Прилеп, Северна Македонија, пред неколку месеци ја заврши обуката за дигитални вештини во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ и спроведен од УНДП. Сега тој е еден од 145-те млади Роми и повратници кои успешно ја завршија обуката во партнерските општини во Северна Македонија.  

Очите на Доан блескаат кога зборува за неговиот животен сон. 

Се гордеам со себе што ја завршив обуката за дигитални вештини и сега планирам да ги користам вештините што ги стекнав за да создадам свој канал на Јутуб. Следно, сакам да отворам своја берберница, да креирам сопствено лого и веб-страница, да снимам видеа како работам и да се промовирам на тој начин. Дигиталниот свет е огромен и нуди многу можности. Иако сум на самиот почеток, се чувствувам самоуверено дека ќе го пронајдам своето „катче во дигиталниот свет!

Доан Узеироски, ПрилепСеверна Македонија

Дигиталната трансформација ги менува и општествата, честопати преместувајќи ги владините услуги онлајн. Во Албанија, Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците помага да се премости дигиталниот јаз за ранливите повратници во руралните заедници. Со поддршка од ЕУ и УНДП, а во партнерство со Националната агенција за вработување и вештини на Албанија, 195 млади Роми и Египќани завршија обука за дигитални вештини, со што си ги зголемија шансите за вработување и помагање на нивните заедници.

„Благодарение на обуката за компјутерски вештини, сега сум навистина важна личност во моето село Балтез. Секојдневно им помагам на луѓето да пристапат до јавните услуги преку Е-Албанија!“

 

Антениса Шара, Фиер – Албанија

И во Србија, 150 млади Роми и повратници се корисници на програмата за обука за дигитални вештини, со која ќе стекнат практични вештини кои ќе им користат на пазарот на трудот. За да се посетуваат обуките не е потребно да се поседува одреден степен на образование или предзнаење. 

 

Завршувањето на обуката за работење со WORDPRESS значително ми ги зголеми шансите за вработување. Се надевам дека ќе се вработам на место каде што ќе можам да продолжам да се надградувам и да ги уривам предрасудите за ромската заедница!“ 

Марина Милосављевиќ, Ваљево – Србија 

Со градењето дигитални вештини кај повратниците и младите Роми, проектот не само што помага да се намали дигиталниот јаз, туку и ги предизвикува предрасудите, го менува наративот и гради иднина во која секој има можност да напредува. 

 

 

 

 

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.