Склучени нови регионални договори и потврдена определеноста за членство во ЕУ на Берлинскиот Самит | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Склучени нови регионални договори и потврдена определеноста за членство во ЕУ на Берлинскиот Самит

04 Фев 2025

Берлин, 15 октомври 2024 година – Лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – се собраа во Берлин по повод 10-годишнината од Берлинскиот процес. Тие ја истакнаа нивната заложба за продлабочување на регионалната соработка и за поскора интеграција со Европската Унија. Организиран од германскиот канцелар Олаф Шолц, со поддршка од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, самитот претставуваше значаен чекор кон економската интеграција на регионот. 

Регионалната соработка засилена со нови договори 

Самитот го одбележа потпишувањето на: 

Планот за Заеднички регионален пазар, со цел да се унапредат трговијата и економскиот раст преку рушење на бариерите меѓу земјите. 

Договорот за мобилност којшто предвидува подобар пристап до високо образование ширум регионот, обезбедувајќи им на младите повеќе можности за студирање и работа во странство. 

Овие договори се согласно Планот за раст на Европската Унија, којшто е вреден 6 милијарди евра, со цел да се забрза економскиот развој и да се постават темели за евентуално членство на Западен Балкан во ЕУ. 

Процесот за проширување на ЕУ продолжува да се одвива според планот 

За време на самитот, канцеларот Шолц ја истакна заложбата на ЕУ за проширување, изјавувајќи:

„Европската Унија ќе биде целосна само кога Западен Балкан ќе стане дел од неа. Се надевам дека нема да поминат уште 10 години додека сите шест земји ѝ се приклучат на Унијата.“

– Германскиот канцелар Олаф Шолц 

И Урсула фон дер Лајен оптимистички изјави дека процесот на проширување на ЕУ е повторно во фокусот: 

„Патот кон ЕУ е отворен, но секоја земја мора да напредува според нејзините заслуги. Напредокот зависи од реформите и регионалната соработка, од кои на крајот имаат корист граѓаните.

– Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Нормализацијата на односите и решавањето на конфликтите остануваат од суштинско значење 

Канцеларот Шолц ја пофали одлуката на Косово да ја укине забраната за српски производи, нарекувајќи ја значаен чекор кон исполнување на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и подобрување на регионалната соработка. Шолц и фон дер Лајен истакнаа дека решавањето на отворените прашања помеѓу Косово и Србија е клучно за стабилноста и напредокот кон членството во ЕУ. 

Фон дер Лајен изјави: „Регионалното единство е од суштинско значење, и конфликтите не смеат да го попречат патот напред.“ 

 

Решавање на геополитичките предизвици 

За време на самитот се разговараше и за зголемениот геополитички притисок во регионот, при што Урсула фон дер Лајен го потенцираше растечкото руско влијание на Западен Балкан: 

„Руската агресивна војна во Украина јасно ни дава до знаење дека треба да ја застанете на вистинската страна на историјата и да го почитувате меѓународното право“. 

Пристапувањето во СЕПА ќе донесе значајни придобивки  

На денот на одржувањето на самитот, Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ, оствари средба со гувернерите на централните банки од Западен Балкан: 

„Средбата со гувернерите на централните банки од Западен Балкан ми претставуваше задоволство. Разговаравме како напредува реализацијата на Планот за раст, особено во однос на пристапувањето во СЕПА. 

Поедноставувањето на прекуграничното плаќање ќе донесе значајни придобивки за граѓаните и бизнисите!“ 

Оваа иницијатива има за цел земјите од Западен Балкан да пристапат во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра), со што ќе се поедностави прекуграничното плаќање и ќе овозможат поекономични и попристапни трансакции за правните и физичките лица. 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.