Голема забава на ЕУ – Засекогаш млади News | WeBalkans

Голема забава на ЕУ – Засекогаш млади

20 Апр 2023
20/04/2023

Голема забава на ЕУ – Засекогаш млади

Како дел од прославата на денот на Европа и како подарок за граѓаните на Србија, Делегацијата на ЕУ организира голема забава на ЕУ, која ќе се одржи на 12. мај, во Хангарот на пристаништето во Белград, а главна ѕвезда на настанот ќе биде германскиот бенд „Alphaville“ кој за првпат ќе настапи во Србија.

 

Концептот на голема забава на ЕУ ќе ги задоволи сите музички вкусови и генерации; па, затоа, покрај „Alphaville“ ќе настапи и мистериозното хрватско дуо под маски – „Nipplepeople“, како и неодоливиот бенд од Ниш – „Stereo Banana“. Со дел од најдобрите претставници на локалната диџеј сцена, забавата ќе трае до утро; а Дејан Миличевиќ, Леа Добричиќ, „Luton“, „Cosmic G“ и „Gavra“ ќе се погрижат за сите да имаат незаборавно искуство.

 

Настанот претставува одлична прилика за танцување, пеење и славење на љубовта, слободата и толеранцијата – универзалните вредности на ЕУ, но и на бендот „Alphaville“ кои преку 40 години творат на светската музичка сцена; а, на 12. мај, за првпат ќе настапат во Србија. Нивните хитови „Forever Young“, „Big in Japan” и „Sounds Like a Melody” немаат рок на траење. Првиот албум, „Forever Young“, кој ги содржи нивните најголеми хитови, на неколку анкети беше прогласен најдобар електро-поп албум на сите времиња. Германскиот бенд кој пее за Јапонија ја освои Европа во осумдесеттите, а фактот дека нивните песни се препеани и ремиксирани од едни од најпознатите светски музичари и диџеи докажува колкав белег оставиле во музиката.

Read more

Извор: EU Delegation to Serbia

Извор на фотографии: EU Delegation to Serbia

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.